Окапи
Од Википедија
| Окапи | ||||||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Научна класификација | ||||||||||||||||
|
||||||||||||||||
| Биномна номенклатура | ||||||||||||||||
| Okapia johnstoni (P.L. Sclater, 1901) |
||||||||||||||||
Ареал на распространување: темно сина - денешна, светло сина - некогашна распространетост на окапито
|
Окапи (Okapia johnstoni) е цицач кој припаѓа на фамилијата Giraffidae. Ги населува прашумите во северниот дел на Демократска Република Конго. Познат е по своите црно-бели ишарани нозе, како и по тоа што е најблизок роднина на жирафата.
Пред 1900 година, окапито не било познато на западниот свет и научниците. Официјално како вид е признато во 1901 година.
Содржина |
[уреди] Изглед
Окапи има темни влакна на грбот, со бели пруги кои се простираат долж предните и задните нозе. Овој склоп на бои се верува дека им помага на младенчињата во препознавањето на мајката во густите прашуми, а служи и како камуфлажа.
До своите рамења се високи од 1,5 до 2 метри, а долги од 1,9 до 2,5 метри. Должината на опашката изнесува 30 до 42 сантиметри. Тежината се движи од 200 до 250 килограми.
[уреди] Историја
Окапито било познато животно на старите Египќани. Пронајдени се древни изрезбани слики во Египет на кои е претставен лик на окапи.