Одра
Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Одра (река))
Одра извира во планините на североисток во Чешка, но девет десеттини од нејзиниот слив се наоѓаат во Полска, а дел од нејзиниот долен тек образува природна граница меѓу Полска и Германија. Реката ја напушта планинската област поминувајќи низ вдлабнатината наречена Моравска Врата. Тоа е многу широка река, на некои места широка и до 9,5 км. Таа е и многу плитка, со просечна длабочина од околу 90 цм. Реката е замрзната во текот на еден зимски месец. Во близина на морето главниот тек се испреплетува со неколку напоредни текови. Под градот Шќеќин таа влегува во лагуна и се влева во Шќеќинскиот Залив.