Оденсе
| Оденсе | |||
|---|---|---|---|
| Катедрала Св. Кнут | |||
|
|||
|
|
|||
| Координати: | |||
| Население (2012) | |||
| • Град | 168.798 | ||
| • Метроп. | 191.610 | ||
| Час. појас | CET (UTC+1) | ||
| • Лете (DST) | CEST (UTC+2) | ||
| Портал | www.odense.dk | ||
Оденсе е трет град по големина во Данска и најголем град на островот Фин. Оденсе е најголем град во регионот Јужна Данска, каде со околните населени места претставува општина, Општина Оденсе. Денес Оденсе има околу 170.000 жители во градот и околу 190.000 во поширокото градско подрачје.
Оденсе е познат и по својот најпознат жител, прочуениот писател Ханс Кристијан Андерсен.
Содржина |
Природни карактеристики [уреди]
Oденсе се наоѓа во средишниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, Оденсе е одалечен само 165 километри западно.
Релјеф: Оденсе се наоѓа во средишнипт дел на данскиот остров Фин. Надморската височина на средиштето на градот изнесува околу 15 метри.
Клима: Климата во Оденсе е умерено-континентална под силно влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.
Води: Оденсе е споен со Северното Море, преку каналот, кој градот го поврзува со Оденскиот Залив.
Историја [уреди]
Оденсе е еден од најстарите дански градови. Основан е во 988 година. Името потекнува од зборот Odin Vi, што значи Одиново светилиште. Во Оденсе се наоѓа гробот на Кнут IV (наречен уште и Свети Кнут), па така голем број верници доаѓале во Оденсе во текот на средниот век. Св. Кнут е светец заштитник на Данска. Благодарејќи на тоа Оденсе се развил како втор град по значење во Данска, што и останал до современото време.
Во 16. век народното собрание повеќе пати се состанувало во Оденсе. Во Оденсе се наоѓала и Одиновата кула, втора кула во височина во светот (веднаш зад Ајфеловата кула). Изграден е во 1935 година, а данските нацисти го срушиле во 1944 година. Во блиското градче Мункебо се наоѓа најголемото бродоградилиште во Данска.
И покрај пет годишната окупација на Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, Оденсе и неговото население не претрпеле многу страдања.
Население [уреди]
Денес Оденсе има околу 170.000 жители во градските граници и близу 200.000 со околните населени места.
Етнички состав: Населението на Оденсе до пред неколку децении било целосно населено со етнички Данци. Меѓутоа, бројни доселеници од странските земји го измениле составот на населението.
Стопанство [уреди]
Стопанството на Оденсе посебно се потпира на големото бродоградилиште, едно од најголемите во Северна Европа, а најголемо во Данска. Околината на Оденсе е големо развиено земјоделско подрачје, па затоа во градот и околината е развиена и прехрамбената индустрија. Позната е пиварата „Албани“.
Сообраќај: Мостот Голем Белт е отворен во 1997 година за железнички сообраќај, а во 1998 и за патниот сообраќај и на тој начин островот Фин се поврзал со Зеланд со што е овозможена побрза врска и комуникација со Копенхаген.
Знаменитости на градот [уреди]
Катедралата Св. Кнут во минатото вила поврзана со блискиот бенедитски манастри. изградена е од цигли во готски стил, во периодот помеѓу 1081 и 1093 година. Повторно е градена во XIII век. Испод олтарот на катедралата лежи телото на светецот заштитник на Данска, Свети Кнут, кој планирал да ја освои Англија, а бил убиен во Оденсе за време на револуцијата во 1086 година. Палатата, Оденсе наредил да се изгради кралот Фридрих IV
Познати личности [уреди]
- Ханс Кристијан Андерсен е роден во Оденсе на 2 април 1805 година. Во градот се наоѓа и неговиот музеј.
- Композитор Карл Нилсен
- Кралот Кнут IV (1043 - 1086), познат и како Свети Кнут.
- Карл Фридрих Титген, индустријалец, банкар и филантроп. Роден е на 19 март 1829 година во Оденсе. Се смета со основач на првата приватна банка како и фирмите „Туборг“ и „Даниско“.
- Каролина Возњацки - тенисерка
Збратимени градови [уреди]
Галерија [уреди]
-
Родната куќа на Ханс Кристијан Андерсен