Оддалечени новозеландски острови
Оддалечените новозеландски острови (англ. New Zealand outlying islands) се состојат од девет островски групи, сместени во суптропиците и субантарктикот, кои се составен дел на Нов Зеланд но се наоѓаат вон новозеландскиот континентален гребен. Иако се сметаат за составен дел од Нов Зеланд, седум од деветте групи не припаѓаат на ниеден регион или округ, туку се сметаат за „Подрачје вон територијална управа“. Двата исклучока се Четемските Острови, коисамите се специјална територијална единица (островски совет), и Соландеровите Острови, кои му припаѓаат на регионот Саутленд и округот Саутленд.
Поимот понекаде се користи и во контекст на Балените, група субантарктички острови кои технички се сметаат за дел од Росовата Зависност и се водат според Антарктичкиот договор.
Петте островски групи на Новозеландските субантарктички острови, заедно со нивните територијални води се прогласени за Светско наследство на УНЕСКО.
Содржина |
Островски групи [уреди]
Островските групи од север кон југ:
| Карта на целото Кралство Нов Зеланд. | |||
| Островска група (друго име) | Површина (км²) |
највисок врв (м) | местоположба на главниот остров |
|---|---|---|---|
| северно од Северниот Остров | |||
| Кермадек | 33,08 | врв Моумоукаи (516) | |
| Трикралеви Острови (Ngamotukaraka, Manawa Tawhi) | 4,86 | (Велик Остров) (294) | |
| источно/јужно Јужниот Остров | |||
| Четемски Острови (Wharekauri, Rekohu) | 966 | рид Маунгатере (294) | |
| Соландерови Острови (Hautere) | 0,70 | (Соландеров Остров) (330) | |
| Новозеландски субантарктички острови | |||
| Баунти | 1,35 | (остров Фанел) (88) | |
| Снерс (Tini Heke) | 3,41 | (Североисточен Остров) (152) | |
| Антиподски Острови | 20,97 | Галовеј (366) | |
| Оклендови Острови (Motu Maha) | 625,60 | Дик (705) | |
| Кемпбелови Острови (Motu Ihupuku) | 113,31 | Хани (569) | |
| Оддалечени острови | 1800 | Дик (705) | |
Населеност [уреди]
Сите острови се ненаселени освен Четемските Острови.
На островот Рауловиот Остров од групата Кермадек постои метеоролошка станица со персонал. Метеоролошката станица на Кемпбеловиот Остров нема персонал бидејќи е автоматизирана уште од 1995. На Оклендовите Острови постоела метеоролошка станица од 1942 до 1945. Трикралевите Острови и Оклендовите Острови порано биле населени. Постоеле неуспешни обиди за населување на Рауловиот Остров, Антиподските Острови и Оклендовите Острови. Соландеровите Острови никогаш не биле населени, освен некои исфрлени патници на диво (најдолго од 1808 до 1813 од пет патници на диво од Европа).
Видете исто така [уреди]
Надворешни врски [уреди]
- Новозеландски субантарктички острови (англиски)
|
|
|||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Наднационално ниво | Кралство Нов Зеланд | ||||||||||
| Национално ниво | Нов Зеланд | Токелау | Кукови Острови | Ниуе | Росова Зависност | ||||||
| Региони | 12 неунитарни региони | 4 унитарни региони | Четемски Острови | Кермадек | Субантарктички острови | ||||||
| Територијални единици | 16 градови и 57 окрузи | ||||||||||
| Белешки | Некои окрузи се протегаат низ повеќе од еден регион | Тука регионалните и територијалните единици се споени во едно | Специјална територијална единица | Места вон регионалните единици; овие, плус Четемските Острови и Соландеровите Острови, од Оддалечените новозеландски острови | Земји под управа на Нов Зеланд | Држави во слободно здружение со Нов Зеланд | Нов Зеланд се повикува на правото на оваа територија, но разрешувањето е замрзнато со Антарктичкиот договор | ||||

