Огнен меч

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ангел со огнен меч ги истерува Адам и Ева од Рајот. Насликал Ежен Делакроа.

Огнени меч (или пламен меч) — меч кој гори со пламен од некоја натприродна сила. Огнените мечеви постоеле во митологијата и легендите со илјадници години.

Според Библијата, Господ поставил херувим со огнен меч на вратата на Рајот откако ги истерал Адам и Ева („Битие“ 3:24).

Во православието се верува дека огнениот меч бил отстранет од Рајот со раѓањето на Исус, што значи дека сега на човештвото му се дало можност повторно да влезе во Рајот.

И го истера човекот; и насели источно од Еденската Градина, херувим со пламенен меч, кој се вртеше околу, за да го штитат патот, кон дрвото на животот.[1]

Во нордиската митологија се јавува огнен меч со огромна уништувачка моќ. Се верувало дека со него ракувал Суртр, предводникот на џиновите од Муспелхајм.

Наводи[уреди | уреди извор]