Облик на растенијата

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Обликот, надворешниот вид или хабитусот на растенијата (латински: hábitusнадворешност, вид, облик, изглед) го одразува потеклото на нивните гранки, нивниот број, животниот век и формата на сите нивни делови.

На пример, обликот на едногодишните треви (и тревести растенија) го сочинуваат сочни надземни изданоци кои изумираат по еднократното оплодување (или плодоносење).

Многугодишните тревести растенија се одликуваат со едногодишни надземни делови, додека подземните делови се повеќегодишни, кои даваат нови надземни изданоци на местото на изумрените.

Обликот на дрвјата и грмушките зависи од задрвенетите многугодишни надземни изданоци со многукратно плодоносење; при изумирањето на пониските гранки и развивањето на трупци, растението станува дрво, додека при рамномерниот развиток на сите гранки, се добива облик на грмушка.