Области во Таџикистан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Таџикистан е поделен на една автономна покраина (таџички: Вилояти мухтор, персиски: ولایت مختار), две покраини (вилоятҳо, персиски: ولایتها = вилаети) и републички-потчинети реони. Покрај ова, главниот град Душанбе преставува посебна административна единица рамносилна на покраините.

Согдиска област Републички-потчинети реони Хатлонска област Горнобадахшанска автономна областЧетирите области во Таџикистан
За сликава
Бр. Име таџички ISO Админ. центар Површина
(км²)
Население
(2000)
Население
(2010)
1 Согдиска област Вилояти Суғд TJ-SU Хуџанд 25.400 1.872.000 2.233.500
2 Републички-потчинети реони Ноҳияҳои тобеи ҷумҳурӣ TJ-RR Душанбе 28.600 1.337.500 1.722.900
3 Хатлонска област Вилояти Хатлон TJ-KT Кургонтепа 24.800 2.150.100 2.677.300
4 Горнобадахшанска автономна област Вилояти Мухтори Кӯҳистони Бадахшон* TJ-BG Хоруг 64.200 206.000 206,000
Душанбе Душанбе Душанбе 100 561.900 724.800

Секоја област потоа се дели на нахии (реони), кои се разделени на „џамоати“, па тие на села („дехи“). Таџикистан има вкупно 58 окрузи (без четирите во Душанбе).[1]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Население на Република Таџикистан на 1 јануари 2008 г.“, Државен статистички комитет, Душанбе, 2008 (руски)