Обично жолтарче

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Обично жолтарче
Мажјак
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Ѕвингалки
Род: Serinus
Вид: Обично жолтарче
Биномен назив
Serinus serinus
(Linnaeus, 1766)
Распространетост: портокалово - лето; зелено - преку целата година; сино - зимување

Обичното жолтарче (науч. Serinus serinus) е најмал член на европската фамилија ѕвингалки (Fringillidae). Се размножува низ јужна и централна Европа и северна Африка. Ја има и во Македонија. Јужните и птиците од крајбрежјето на Атлантикот се постојани жители, но оние од посеверните краишта се птици преселници што зимуваат понајуг.

Опис[уреди]

Обичното жолтарче е слично на обичната зеленушка, но е малку помало и пожолтеникаво. Долго е 11-12 см. Има изразен полов диморфизам, мажјаците се разликуваат од женките. Горните делови им се жолтеникави, избраздени со потемни, сиви линии. Долните делови, исто така, се избраздени со вертикални шари, бело и жолтеникаво кај мажјаците, бело и сиво кај женките. Над опашката имаат поголема жолта дамка. Кај мажјаците жолтото е поизразено, тоа е еднобојно жолто на челото, грлото и градите, а малку прошарано на главата и тилот. Кај женките сите овие делови се многу прошарани со жолто и сиво и затоа изгледаат побледо. Преку зима, кај мажјаците жолтите делови се прошаруваат, па разликата меѓу половите се намалува. Младенчињата се како женките. Клунот на оваа птица е многу мал и краток, сив како и нозете.[2]

Однесување[уреди]

Живеалиштето на обичното жолтарче се парковите и градините во урбаните средини,[3] како и отворениште шумски предели мешани со иглолисни дрвја. Претежно се храни со пупки и семиња, а во сезоната на парење со инсекти. Песната му е брзо чрчорење. Гнездото го прави во крошната на дрвото и несе 3-5 јајца. Вон сезоната на парење формира јата, понекогаш мешани со други видови. Многу се активни и впечатливи.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]