Обична ѕвингалка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Обична ѕвингалка
Мажјак Пеење 
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Ѕвингалки
Род: Fringilla
Вид: Обична ѕвингалка
Биномен назив
Fringilla coelebs
Linnaeus, 1758

     Лето      Постојан жител      Зима      Населен
     canariensis      spodiogenys[lower-alpha 1]

Обичната ѕвингалка (науч. Fringilla coelebs) е честа и широкораспространета мала врапчевидна птица од фамилијата на ѕвингалките (Fringillidae). Распространета е низ цела Европа, вклучувајќи ја и Македонија, низ Азија до Сибир и во северна Африка.

Таксономија и систематизација[уреди]

Оваа птица за првпат е опишана од Linnaeus, 1758, во десеттото издание на неговата „Систем на природата“ под нејзиното сегашно научно име. Fringilla е латински збор за ѕвингалка, а coelebs значи неженет или самец. Се издвојуваат поголем број подвидови во зависност од шарките и разликите во боите. Тие се поделени во три поголеми групи: coelebs групата, со птици во Европа и Азија; spondiogenys групата - во северна Африка и canariensis групата - на Канарски Острови.

Мажјак
coelebs групата:
spondiogenys групата:
  • F. c. africana, J. Levaillant, 1850[10], Мароко до северозападен Тунис и Либија;
  • F. c. spodiogenys, Bonaparte, 1841[11], источен Тунис и северозападна Либија;
canariensis групата

Опис[уреди]

Женка

Обичната ѕвингалка е долга околу 14.5 см, има распон на крилјата 24.5-28.5 см и тежи околу 18-29 грама. Возрасниот мажјак има црно чело и синосива круна и тил. Над опашката е светломаслинавозелен, а грбот е кафеав. Страните на главата, грлото и градите се бледа ’рѓацрвена боја која преоѓа во светла кремаворозова на стомакот. Опашката е темносивоцрна. На црните крилја има бела лента, а секундарните пердуви се црни, но обрабени со кремавобело.

Возрасните женки се многу побледи од мажјаците. Главата и поголемиот дел одозгора е сивкавокафеав, а долните делови се посветли. Над опашката и долниот дел од грбот се бледомаслинавозелени. Младенчињата се слични со женките.

Песната на обичната ѕвингалка е моќна и позната. Мажјакот обично има 2-3 различни типа песни, а постојат и различни типови во зависност од областа.[17]

Мажјак јаде гесеница
Fringilla coelebs moreletti - Јајца

Британецот Вилијам Торп, во својата влијателна студија, ги утврдувал влијанијата врз пеењето на овие птици. Па, така, заклучил дека ако младенчињата во еден критичен период од животот не научат од повозрасен да пеат, тие никогаш нема да ја научат песната соодветно. Исто така, го утврдил и влијанието на тестостеронот. Без него (со кастрација) птицата воопшто не пее, а со вбризгување дополнителна количина, таа пее и во ноември, кога вообичаено не го прави тоа.[18][19]

Однесување[уреди]

Обичната ѕвингалка се размножува во шумите каде летните температури во јули се меѓу 12 и 30°C. Таа не е преселница во поумерените области на нејзиниот опсег, но од посеверните, сепак, зиме се движи понајуг. Формира мали и непостојани јата вон сезоната на парење, понекогаш мешани со планинската ѕвингалка.

Основната храна на оваа птица се семињата, но за разлика од другите ѕвингалки, младенчињата ги хранат исклучиво со инсекти, како и возрасните за време на сезоната на парење.

Размножување[уреди]

Сексуална зрелост достигнуваат на едногодишна возраст. Претежно се моногамни. Почетокот на сезоната на парење зависи од температурите, и започнува порано понајуг, а подоцна понасевер. Гнездото го гради само женката и обично го сместува на чатал од грмушката или дрвото на неколку метри од земја. Тоа е длабока чашка направена од гранчиња и тревки, однадвор со мов и трева, па лишаи и пајаживи, а внатре послано со ситни коренчиња и пердувчиња. Леглото има најчесто 4-5 јајца, нежни и сјајни и во многу различни бои. Од светлосинозелени до светлоцрвени со виолетовокафеави точки, линии и дамки. Ги инкубира само женката во период од 10 до 16 дена. Потоа ги грее уште 6 дена додека не почнат да се оперјуваат и за тоа време ги хранат обата родитела, најмногу со гасеници. Уште три недели зависат од родителите кои им носат храна. Овие птици ретко имаат второ легло, но ако го имаат, тоа е во ново гнездо.

Статус[уреди]

Обичната ѕвингалка е широкораспространета на околу 7 милиони км². Само во Европа има околу 130-240 милиони пара, а вкупната популација изнесува околу 530 - 1.400 милиони индивидуи. Нема показатели дека таа опаѓа. Затоа, според Црвениот список на МСЗП ова е вид со најмала загриженост од изумирање.[20]

Наводи[уреди]

  1. Distribution map compiled from Snow & Perrins Birds of the Western Palearctic,Шаблон:Sfnp Harrison An Atlas of the Birds of the Western Palaearctic, and Clement et al. Finches & Sparrows.
  1. BirdLife International (2012). Fringilla coelebs. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106008755. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. 2,0 2,1 Zarudny, Nikolai (1916). (на Russian)„Izvestia Turkestanskovo otdela Russkovo geographeechescovo obshestva Tashkent“ 12: 228. 
  3. von Jordans, A. (1923). „Neue Vogelrassen von den Balearen“ (на German). „Falco“ 19 Sonderheft (Special issue): 4. http://biodiversitylibrary.org/page/16340623. 
  4. Kleinschmidt, O. (1909). „Fringilla caelebs gengleri, form. nov.“ (на German). „Falco“ 5: 13. http://biodiversitylibrary.org/page/8517603. 
  5. Rapine, J. (1925). (на French)„Revue Française d'Ornithologie“ 9: 333. 
  6. Stresemann, Erwin (1925). „Neue formen aus Kreta“ (на German). „Journal für Ornithologie“ 73: 658. 
  7. Menzbier, M.; Suschkin, P. (1913). „Fringilla coelebs solomkoi n. subsp.“ (на German). „Ornithologische Monatsberichte“ 21: 192. http://biodiversitylibrary.org/page/8761532. 
  8. Harrison, J M (1946). „Three new races of Fringilla coelebs Linnaeus from the Mediterranean region“. „Bulletin of the British Ornithologists' Club“ 66 (Session 1945-1946): 4-7. http://biodiversitylibrary.org/page/40587046. 
  9. Schiebel, Guido (1910). „Neue Vogelformen aus Corsica“ (на German). „Ornithologisches Jahrbuch“ 21: 102. 
  10. Levaillant, J. (1850?). Loche, Victor. уред (на French). „Exploration scientifique de l'Algérie: Histoire naturelle des oiseaux, Atlas“. Paris: Imprimerie Royale. pl. 7 figs. 1, 1a. 
  11. Bonaparte, Charles-Lucien (1841). „Notes sur deux oiseaux nouveaux du Musée de Marseille“ (на French). „Revue Zoologique par la Société Cuvierienne“: 146. http://biodiversitylibrary.org/page/2362097. 
  12. Vieillot, L J P. (1817) (на French). „Nouveau Dictionnaire d'Histoire Naturelle, Tome 12“. Paris: Deterville. стр. 232. http://biodiversitylibrary.org/page/18057986. 
  13. Sharpe, R. Bowdler (1888). „Catalogue of Birds in the British Museum, Volume 12“. London: British Museum. стр. 175-176. http://biodiversitylibrary.org/page/8333189. 
  14. Pucheran, M. (1859). „Observations sur deux espèces de passereaux originaires des Açores“ (на French). „Revue et Magasin de Zoologie Pure et Appliquée“. 2 11: 412. http://biodiversitylibrary.org/page/13713200. 
  15. Hartert, Ernst (1913). „Fringilla coelebs ambriosa“. „Bulletin of the British Ornithologists' Club“ 33: 78. http://biodiversitylibrary.org/page/32475868. 
  16. Tristam, Henry Baker (1889). „On a new species of Chaffinch“. „Annals and Magazine of Natural History“. Series 6 3: 489. http://biodiversitylibrary.org/page/15622282. 
  17. Metzmacher, M. & Mairy, F. 1972. Variations géographiques de la figure finale du chant du Pinson des arbres (Fringilla c. coelebs L.). Le Gerfaut 62 : 215 – 244.
  18. Thorpe, W (1958). „The learning of song patterns by birds, with special reference to the song of the Chaffinch, Fringilla coelebs“. „Ibis“ 100: 535-570. doi:10.1111/j.1474-919X.1958.tb07960.x. 
  19. Metzmacher, M (1995). „La transmission du chant chez le Pinson des arbres (Fringilla c. coelebs): phase sensible et rôle des tuteurs chez les oiseaux captifs“ (на French with English abstract). „Alauda“ 63 (2): 123-134. http://audioblog.sonatura.com/?p=121. 
  20. „Eurasian Chaffinch Fringilla coelebs. „Species factsheet“. BirdLife International. http://www.birdlife.org/datazone/speciesfactsheet.php?id=8755. конс. 6 септември 2013. 

Надворешни врски[уреди]