Обичен трскар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Обичен трскар
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Трскари
Род: Acrocephalus
Вид: Обичен трскар
Биномен назив
Acrocephalus arundinaceus
(Linnaeus, 1758)
Пеење

Обичниот трскар (науч. Acrocephalus arundinaceus) е еден од најголемите во својата фамилија, распространет низ Евроазија. Го има и во Македонија.

Опис[уреди]

Обичниот трскар е со големина на дрозд и е еден од најголемите трскари. Долг е 16-21 см, со распон на крилјата од 25 до 30 см и тежина 22-38 грама.[2][3][4] Возрасните птици имаат еднобојни кафеави горни делови на телото и бесјајни кремавобели долни делови и брада. Челото му е сплескано, а клунот силен и остар. Наликува на џиновски трскар рогозар (A. scirpaceus), со посилно изразена линија над окото. Половите се исти.

Пеењето му е многу силно и надалеку се слуша. Основната фраза на песната е разговорливо чрчорење и крцкање, на кое му е придодадено и некое свиркање и имитирање, типично за трскарите.

Распространетост и живеалиште[уреди]

Мажјак кој ја прогласува својата територија

Обичниот трскар (A. arundinaceus) се размножува во Европа и западна умерена Азија. Во последниве децении нивниот број се зголеми околу источниот дел на Балтичкото Море, додека на западниот дел од својот опсег стана поредок. Птица преселница е што зимува во тропска Африка. На север мигрира многу доцна, и се случува во зимувалиштата да остане до крајот на април.[1][5][6]

Живеалиштето на оваа птица се големите пространства со трска, често и со грмушки. На местата за размножување, тие се територијални. Во зимувалиштата, често се групираат во големи колонии и може да заземат цело поле со трски, без да дозволат на другите видови да влезат во нивната територија.[5]

Однесување[уреди]

Како и повеќето трскари, и овој се храни со инсекти, но јаде и друг мал плен, вклучувајќи и 'рбетници, особено полноглавци.

Обичниот трскар лесно се прилагодува и го проширува својот опсег на нови територии, ако му одговара животната средина. Тоа е вообичаена и широко распространета птица која според Црвениот список на МСЗП е класифицирана како вид со најмала загриженост.[1][6]

Размножување[уреди]

Женката несе 3-6 јајца во гнездо во облик на кошничка, скриено во трските. Некои парови се моногамни, а други не се. Но, неспарените мажјаци без територија, сепак се татковци на некои младенчиња.[7]

Гнездо со јајца

Во долгорочна студија за факторите на успешност кај мажјаците се проучуваат карактеристиките на мажјаците и териториите во релација со годишните и животните успеси во размножувањето. Таа покажува дека редот на пристигнување на мажјакот е најзначаен за негово спарување и одгледување на потомството, како и бројот на преживеани младенчиња. Исто така, од пристигнувањето зависи и квалитетот на територијата која ќе се зафати. Женките ги претпочитаат мажјаците кои рано пристигнуваат и кои зафаќаат поатрактивни територии. Исто така, репертоарот на пеење има влијание на големината на годишниот харем, па според тоа и на бројот на потомците. Репертоарот на песни може да го предвиди бројот на преживеани потомци на мажјакот. Женките се привлечени од мажјаци што имаат побогат репертоар, зашто така младенчињата ќе бидат поиздржливи. На тој начин таа здобива индиректни бенефиции за потомството. [8][9]

Обичниот трскар има краток, полигиничен циклус на размножување, во кој мажјаците многу малку придонесуваат во одгледувањето на младенчињата. Тие бранат големи територии со трски и намалена видливост, што може да им овозможи да практикуваат измама и да привлечат втора женка за парење. Втората женка веројатно не знае дека мажјакот е веќе спарен со друга. Успехот на втората женка во однос на потомството е многу помал.[10][11]

Полигинијата на мажјаците е проучувана и во друга студија, каде се покажа важноста на изборот од страна на женките. Разликите во карактеристиките на зафатените територии, се чини дека се најважни. Односно, цврста е врската меѓу мажјакот и карактеристиките на неговата територија.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 BirdLife International (2012). Acrocephalus arundinaceus. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106007607. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. Birds of Kazakhstan. Great Reed Warbler (Acrocephalus arundinaceus). Birds.kz. Retrieved on 2012-08-24.
  3. del Hoyo, J; Elliot, A; Sargatal, J (1996). „Handbook of the Birds of the World“. 3. Barcelona: Lynx Edicions. ISBN 84-87334-20-2. 
  4. Terry Stevenson, John Fanshawe (2001). Field Guide to the Birds of East Africa: Kenya, Tanzania, Uganda, Rwanda, Burundi, Elsevier Science, ISBN 978-0856610790
  5. 5,0 5,1 Traylor, Melvin A. & Parelius, Daniel (1967): A Collection of Birds from the Ivory Coast. Fieldiana Zool. 51(7): 91–117.
  6. 6,0 6,1 . doi:10.1111/j.1095-8312.1999.tb01882.x. 
  7. Leisler, B. & Wink, Michael (2000): Frequencies of multiple paternity in three Acrocephalus species (Aves: Sylviidae) with different mating systems (A. palustris, A. arundinaceus, A. paludicola). Ethology, Ecology & Evolution 12(3): 237–249.
  8. Catchpole, C., Leisler, B., Winkler, H. (1984). Polygyny in the great reed warbler, Acrocephalus arundinaceus: possible case of deception. Behavioral Ecology and Sociobiology.
  9. Hasselquist, D. (1998). Polygyny in great reed warblers: a long-term study of factors contributing to male fitness. Ecology.
  10. Hasselquist, D., Bensch, S. (1991). Territory infidelity in the polygynous great reed warbler Acrocephalus arundinaceus: the effect of variation in territory attractiveness. Journal of Animal Ecology.
  11. Hasselquist, D., Bensch, S., von Schantz, T. (1995). Low frequency of extrapair paternity in the polygynous great reed warbler, Acrocephalus arundinaceus. Behavioral Ecology.

Надворешни врски[уреди]