Обединета Македонска Дијаспора

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Обединета Македонска Дијаспора
United Macedonian Diaspora
U-m-d-logo.png
Основачи Методија Колоски
(прв претседател)
Тип Човекови права, политичка, културна
Основана 2004
Седиште 1101 Pennsylvania Ave NW
Washington, DC 20004
United States
Кадар Претседател
Управен одбор, Централен комитет
Опслужувано подрачје Flag of the United States.svg САД
 Канада
Австралија Австралија
 Велика Британија
 Белгија
 Германија
 Франција
 Австрија
 Украина
 Русија
Задршка Да го негува на единството помеѓу Македонците, и да ја шири нивната кауза
Членови Н/П
Мото „Обединети можеме!“
United, We Can!
Мреж. место umdiaspora.org

Обединета Македонска Дијаспора или ОМД (англ. United Macedonian Diaspora, UMD) е меѓународна организација основана во 2004 со седиште во Вашингтон, САД чија главна цел се интересите и потребите на македонските заедници ширум светот. ОМД има претставништва македонски заедници ширум светот, во Брисел, Канбера, Лондон, Мелбурн, Њујорк, Париз, Штутгарт, Сиднеј и Торонто. ОМД е непрофитна организација, даночно ослободена по законот 501(c)(3).

Цели[уреди]

Обединетата Македонска дијаспора изјавува дека нејзината главна цел е „да го негува на единството помеѓу Македонците, и да ја шири нивната кауза“.[1] ОМД ја застапува Македонија и Македонците низ светот. Организацијата ја промовира Македонија, го претставува и запазува историското, духовно и културно богатство на Македонија и Македонците. ОМД ги постигнува овие цели со застапништво, добротворна работа и разни образовни програми.

Управен одбор[уреди]

Тековниот состав на Управниот одбор на ОМД е следниов:

  • Методија Колоски, претседател
  • Александар Митрески, заменик-претседател
  • Мајкл Сарафин, секретар
  • Денис Маневски, благајник
  • Ордан Андреевски, директор на огранокот во Австралија
  • Џим Дајкос, директор на огранокот во Канада
  • Бобан Јовановски
  • Стојан Николов
  • Алекдандра Трпковска
  • Игор Звездаковски

Издавачка дејност[уреди]

ОМД го издава списанието UMD Voice четири пати годишно. Списанието ги информира членовите тековните настани во врска со Македонија и Македонците како и збиднувањата во организација и иницијатива на ОМД. Најновиот број на списанието можете да го добиете бесплатно тука. Уредник на UMD Voice е Марк Бранов.

Наводи[уреди]

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]