ОУ „Кирил и Методиј“ - Свети Николе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кирил и Методиј

Место
Општина: Свети Николе
Наречено по: Кирил и Методиј
Нас. место: Свети Николе
Адреса: ул. „Ангел Трајчев“ бб
Местоположба
Основни информации
Директор: Анета Ивановска
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место oukirilimetodij.weebly.com

Кирил и Методијосновно училиште во Свети Николе, Општина Свети Николе.[1] Училиштето е сместено во средишното градско подрачје во Свети Николе. Училиштето е од развиен тип и во него се образуваат ученици од I до IX одделение. Во склоп на училиштето работи и подрачното училиште во Долно Ѓуѓанци каде учат ученици од прво до петто одделение во комбинирана паралелка.

Во сопственост на училиштето е и спортската сала " Цар Самоил " во која се реализираат часовите по физичко образование од основното и средното училиште и од разни спортски клубови.


Историјат[уреди | уреди извор]

Според архивските податоци училиштето започнува со работа во далечната 1969 година во сега постоечката училишна зграда во кој учеа ученици од петто до осмо одделение.

На ден 29 јуни 1973 година единственото основно училиште во градот со одлука бр.02-1071/14 на Собранието на Општина Свети Николе било поделено на две училишта што го означувале почетокот на работата на ООУ „Кирил и Методиј“ со статус на самостојно училиште. Училиштето стартувало со 27 паралелки од кои 12 паралелки во одделенска настава и 13 паралелки во предметна настава и две групи ученици во предшколско образование (забавиште). Вкупниот број на ученици во учебната 1973/74г. изнесувало 784. Во тој период како подрачни училишта гравитирале и училиштата во селата: Долно Ѓуѓанце, Павлешенци и Стањевци со вкупно пет комбинирани паралелки од прво до четврто одделение.

Учество на натпревари[уреди | уреди извор]

Освоени награди[уреди | уреди извор]

Државeн натпревар по географија

Ученици од 6то одделение на државниот натпревар по географија : - Матеј Славевски - II награда, - Ива Дечков и Меланија Радевска - III награда. Ученичката Елена Андроникова доби диплома за учество на државен натпревар[2].

Регионален натпревар по англиски јазик

Јанев Теофил - прво место во категорија петто одделение, Енапрво место во категоријата осмо одделение и Кристина Костова второ место во категоријата шесто одделение !

Регионален натпревар по македонски јазик

Ена Славков прва награда од категоријата 8мо одделение и Теона Миткова втора награда од категоријата 9то одделение.

Познати личности кои учеле во ова училиште[уреди | уреди извор]

Познати личности кои предавале во ова училиште[уреди | уреди извор]

  • Кирил Трајковски
  • Николетка Панева
  • Мица Стефановска
  • Зоран Цветковски

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Регистар на основни училишта“. data.gov.mk. Посетено на 30.01.2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  2. „Постигања на учениците“. ООУ „ КИРИЛ  И  МЕТОДИЈ “  -  Свети Николе (англиски). Посетено на 2022-10-07. no-break space character во |work= во положба 13 (help)