ОУ „Гоце Делчев“ - Јабланица

Координати: 41°18′46.6″N 20°35′00.6″E / 41.312944° СГШ; 20.583500° ИГД / 41.312944; 20.583500
Од Википедија — слободната енциклопедија
Гоце Делчев

Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Место
Општина: Општина Струга
Наречено по: Гоце Делчев
Нас. место: Јабланица
Адреса: с. Јабланица
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1919
Директор: Билјана Наумоска
Број на ученици: 81
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место oougocedelcev.wordpress.com/about/
Е-пошта gocedelcevjablanica@yahoo.com
Телефон 046 783 342

Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Јабланица; скратено: ООУ „Гоце Делчев“) — централно основно училиште во селото Јабланица. Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Јабланица.[1]

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски револуционер Гоце Делчев.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на училиштето

Објектот на училиштето се наоѓа на прекрасна местоположба во средишниот дел на селото Јабланица.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Училиштето постои од 1919 година, кога наставата се изведувала на српски јазик. Од 1944 година, основното училиште во селото ја изведува наставата на македонски јазик.[1]

Организација[уреди | уреди извор]

Во училиштето работат 23 наставници и осум членови на помошниот персонал во училиштето.[1]

Во училиштето учат 81 ученик, распоредени во 15 паралелки.[1]

Подрачни училишта[уреди | уреди извор]

Во рамките на општинското основно училиште „Гоце Делчев“ се наоѓаат и три подрачни основни училишта од прво до деветто одделение, каде покрај учениците од селата каде што се наоѓаат самите подрачни училишта, се образуваат и други ученици од поблиските села. Овие училишта се:[1]

  1. Подрачно основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ во село Луково
  2. Подрачно основно училиште „Гоце Делчев“ во село Нерези
  3. Подрачно основно училиште „Гоце Делчев“ во село Пискупштина

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Основни и средни училишта“. Општина Струга. Посетено на 7 ноември 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

41°18′46.6″N 20°35′00.6″E / 41.312944° СГШ; 20.583500° ИГД / 41.312944; 20.583500