ОУТУ „Ванчо Питошески“ - Охрид

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
ОУТУ „Ванчо Питошевски“ - Охрид
Лого на О.У.Т.У. „Ванчо Питошески“ од Охрид.jpg
Место
Општина: Охрид
Место: Охрид
Адреса: Ул. „Кеј Маршал Тито“ бр.101, 6000 Охрид
Основни информации
Основање: 10 септември 1960 година
Директор: Весна Темјаноска[1]
Број на ученици: 482
Настава на: македонски
Контакт информации

Општинското угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“ се наоѓа во Општина Охрид.

Формирање и развој[уреди]

Идејата за отварање на угостителското училиште во Охрид има подлабоки корени, уште од втората половина на 1949 година. Имено, претседателот на Комитетот за туризам и угостителство на Владата на РМ - Диме Бојаноски, во согласнот со Министерството за труд, потпишано од Боге Кузманоски на 19 септември 1949 година, донесува решение под бр.6433 за основање на стручно угостителско училиште во Охрид. Но таа идеја не е реализирана. Имајќи ги предвид природните услови крај брегот на Охридското Езеро и културно-историското наследство, туристичките работници од Охрид уште од порано го имаа согледано проблемот со стручни кадри од областа на туризмот и угостителството, кои ќе можат со успех да се носат со проблемите од оваа дејност. Скоро на сите собири на туристичките работници се согледуваше проблемот со недостиг на образовни кадри од оваа област. Во јули 1953 година се формира посебно одделение кое работело по наставен план на четиригодишното училиште со што четвртата година би послужила за специјализација во угостителската струка. Ново поглавје во напорите за стручно оспособување на кадри од областа на угостителството претставува 1961 година, кога во Охрид започна со редовна настава стручното угостителско училиште со практична обука, со траење од две години. Во учебната 1967-1968 во училиштето се воведува тригодишна настава. Од 20 март 1973 година училиштето е овластено да изведува испити за сите занимања од угостителска насока: келнери, готвачи, портири, слаткари, собарки, точители, ќебапчии, бармени, салатери и друго. Од 26 јуни 1984 година во училиштето се верифицира воспитно образовна дејност за занимањето-продавач од трет степен. Од 8 декември 1990 година се верифицира образовен профил-туристички техничар од четврти степен. Од 3 ноември 1992 година е верифицирана образовната дејност од петти степен на стручна подготовка, за образовниот профил: келнер-специјалист, готвач-специјалист и слаткар-специјалист.

Цели и задачи[уреди]

Целите и задачите на средното училиште се:

  • да организира и реализира перманентен воспитно-образовен процес за повеќе образовни профили и степени на стручна подготовка од областа на угостителството и туризмот;
  • да учествува во проучувањето на образовните и кадровските потреби во профилирањето на стручните кадри што ги подготвува;
  • да организира семинари, курсеви, трибини, работилници и други форми за обука и усовршување на своите кадри;
  • со свои предлози и сугестии да учествува во изготвувањето на предлог-програмите за заедничките и посебните воспитно-образовни содржини за струките и образовните профили за кој подготвува кадри;
  • да организира стручна развојна дејност за следење и унапредување на воспитно-образовната работа, како и за професионално имформирање и насочување на учениците;
  • да учествува во стручно усовршување на раководниот и наставниот кадар и другите субјекти вклучени во воспитно-образовниот процес во самото училиште, во Бирото за унапредување на образованието и во други стручни институции;
  • да оспособува редовни ученици за квалификувани работници од угостителско-туристичката гранка на стопанството;
  • да оспособува ВКВ угостителски работници преку вечерни паралелки;
  • да одржува по потреба курсеви и семинари за работници и службеници од угосителската гранка на стопанството;
  • на редовните ученици да им овозможи стручна и стручно-теоротска подготовка;
  • преку работата во кабинетите или во училишната работилница учениците да го дополнуваат своето знаење од угостителската струка;
  • да развива кај учениците културни и работни навики, смисла за општествена активност при решавањето на општесвените, училишните и личните прашања.

Настава[уреди]

Организација и реализација на наставата[уреди]

Наставниот процес во училиштето се реализира според годишни програми кои се носат на почетокот на секоја учебна година, во соработка со Бирото за образование при Министерство за образование и наука на Република Македонија. Врз основа на годишниот план, свои планови за работа изготвуваат и наставниците по одделните предмети. Планирањето, главно, се одвива врз основа на колективен систем на настава. Во таа насока се утврдуваат проектни активности кои овозможуваат учениците да се подготват за самостојна работа, за користење на разни извори на учење, проучување и истражување на некои проблеми на одредена тема и за изработка на проектни задачи предвидени со усвоениот концепт за спроведување на државна матура.

Наставни предмети[уреди]

Современите услови за живеење, се поголемата примена на компјутеризацијата, примената на современата организација и технологија во угостителството и туризмот, бараат постојано усовршување на наставно-образовниот процес со нови методи и критериуми, за да можат идните кадри што излегуваат од училиштето успешно да се вклопат во современите барања. Заради тоа, во текот на 50-годишното постоење на ОУТУ „Ванчо Питошески“ - Охрид се забележува перманентно подобрување на квалитетот на наставата и практичната работа со нови форми и содржини. Во текот на 1961/1962 година учениците изучуваа: послужување, готварство, организација на угостителството и хотелиерството и странски јазик. Од следната година се ангажираа и хонорарни наставници за предметите:македонски јазик, стокопознавање, физичко и здравствено образование и општо-економско образование. Во 1966/1967 учебна година наставниот план е надополнет со предметите: стопанска и општа математика, економика на претпријатијата, географија и предвојничка обука.

Практична настава[уреди]

Практичната настава во училиштето се реализира во постојните кабинети и во објектите на социјалните партнери. Практичните и теоретските знаења кај учениците се проверуваат и преку организирање на феријална пракса која трае 20 дена во текот на летниот период, како и преку организирање на 10-дневна професионална пракса на учениците од завршните класови кај социјалните партнери за време на новогодишните и првомајските празници.

Еколошко образование[уреди]

Во рамките на образовниот систем на Република Македонија, во согласност со глобалните напори за заштита на човековата средина на Земјата, особено внимание се посветува и на одржување на еколошки чиста човекова средина.ОУТУ " Ванчо Питошески" од Охрид, со повеќе активности е интегрирано во еколошкиот образовен систем. Како приоритетни задачи во оваа насока се поставени : заштеда на енергија и вода во текот на работата, одржување на чистота во училиштето и уредување и одржување на дворната површина со зеленило.

Ученици[уреди]

Во учебната 2011/2012 година во училиштето се запишале 428 ученици, од кои 212 од профилот готвачи, 202 од профилот хотелско-туристички работници и 66 од профилот келнери, распоредени во 22 паралелки. Покрај редовната настава, следењето на талентот и успехот на учениците, училиштето врши и воннаставна воспитно-образовна дејност преку организирање на слободни ученички активности, натпревари, ученички екскурзии, општествено-корисна работа и заедница на учениците.

Секции[уреди]

Со цел продлабочување на знаењата во одделни области и истакнување на творечките афинитети кај учениците, во училиштето работаат и следниве секции : секција на млади хотелиери, секција на млади готвачи, секција на млади келнери, литературна секција, еколошка секција, информатичка секција. Во фаза е и оформување на Вики-секција.

Ученички стандард[уреди]

Ученички дом[уреди]

ОУТУ "Ванчо Питошески " води посебна грижа за стандардот на учениците за да им го направи престојот во училиштето попријатен. Овде пред се се мисли на ученичкиот дом, ученичкиот ресторан, материјалната поддршка на оние ученици со послаба материјална основа. Ученичкиот дом работи одкога постои и училиштето. Први гости во домот биле фолклорни групи кои учествувале на Балкански фестивал на народни песни и игри. Истата година, 1964, летото, престојувале учесници во првиот Охридски пливачки маратон. Од страна на ученици домот започнал да се користи во учебната 1964/65 година. Денес, ученичкиот дом претставува важна воспитно-образовна установа во рамките на училиштето. Условите за престој се солидни затоа што се направени повеќе инвестициски зафати за уште поудобен престој. Денес домот располага со сместувачки капацитет од 111 легла, со 34 трокреветни спални соби и една гостинска соба, со посебни тоалети за секоја соба. Опремени со нов мебел, постелнини,собите се и во непосредна контрола од на воспитувачите. Домот располага со современа училишна кујна и современ ресторан со 370 седишта. Од 2008 година воведено е бесплатно сместување и исхрана на учениците во домот.

Проекти[уреди]

Како дополнителни активности, преку кои се збогатуваат знаењата на учениците и се зголемува квалитетот на воспитно-образовниот процес, во училиштето има разни проекти на локално и меѓународно ниво. Ефектите од реализацијата на проектите веќе се чувствуваат, така што од училиштето произлегуваат профили кои со стекнатите знаења можат со успех да се носат во извршувањето на задачите од нивната струка.

Награди и признанија[уреди]

ОУТУ „Ванчо Питошески“ - Охрид, во досегашниот 50-годишен развој има учествувано на повеќе натпревари и манифестации во земјата и во странство, а има и освоено повеќе поединечни и групни признанија и награди.

  • На првиот собир на угостителско-туристички работници на Македонија, одржан во Охрид, во 1970 година, беа наградени 7 кулинарски специјалитети подготвени од учениците од ова училиште;
  • На Третиот собир на угостителско-туристички работници во 1973 година, младите келнери од ова училижте освоија златна плакета за поставување на свечен ручек;
  • На Четвртиот собир на угостителско-туристички работници во Крушево, во 1974 година, учениците готвачи освоија 2 златни медализа подготвување на пита и специјалитетот „Охридски мозаик“;
  • На Шестиот собир на угостителско-туристички работници одржан во Струга, во 1976 година се освоени повеќе златни медали;

Меѓународни признанија[уреди]

Во текот на 2010 година, учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ - Охрид, од неколку меѓународни саеми за туризам, се вратија со повеќе награди и признанија, и тоа:

  • Меѓународен саем за туризам -Струга, 20 јануари 2008 година

Готвачи(екипно)- сребрен медал

  • експонат-бронзен медал
  • телешко фрикандо- сребрен медал
  • пиле "Aла Нева"-златен медал

Келнери(екипно)-златен медал

  • поставување и аранжирање на изложбена маса-златен медал
  • подготовка на барски мешавини-сребрен медал
  • Меѓународен саем за туризам- Белград, 1 март 2008 година

Келнери(екипно)-златен медал

  • златен медал за фламбирање
  • златен медал за барменство
  • златен медал за послужување

Готвачи-златен медал

Меѓународен саем за туризам-Струга, 18 јануари, 2009 година

  • златен медал за фламбирање
  • златен медал за поставување на маса

Меѓународен саем за туризам-Дубровник, октомври, 2009 година

  • сребрен медал за фламбирање на слатки јадења

Меѓународен саем за туризам-Бургас, НР Бугарија, 4 мај, 2010 година

  • готвачи (екипно)-сребрен медал за приготвување на комплетно мени
  • златен медал за ладно предјадење
  • сребрен медал за десерт
  • келнери (екипно)- сребрен медал за послужување според утврдено мени
  • сребрен медал во дисциплината келнер
  • златен медал во дисциплината фламбирање
  • златен медал во дисциплината барменство

Меѓународен саем за туризам - Сараево, Босна и Херцеговина, 12 ноември, 2010 година

Готвачи

  • сребрен медал во дисциплината ладно предјадење
  • бронзен медал во дисциплината слаткарство

Келнери

  • сребрен медал во дисциплината барменство
  • сребрен медал во дисциплината аранжирање на маса

Меѓународен натпревар на средни училишта- Трагир, Хрватска, април, 2011 година

  • сребрен медал за ладно предјадење
  • бронзен медал во дисциплината слаткарство

Меѓународен саем за туризам -Сараево, 11 ноември, 2011 година

Келнери

  • сребрен медал за поставување на изложбена маса
  • сребрен медал за барменство

Готвачи

  • бронзен медал за ладно предјадење
  • сребрен медал за десерт
  • сребрен медам за ладно предјадење

Хотелско-туристички техничари

  • златен медал за претставување туристичка дестинација

Државни признанија[уреди]

Државен натпревар на средни училишта - Охрид, 18 јануари, 2011 година

Келнери

  • златен медал за поставување на изложбена маса
  • златен медал во дисциплината барменство
  • бронзен медал во дисциплината фламбирање

Готвачи

  • златен медал во дисциплината поставување на посна трпеза

Хотелско-туристички техничар

  • сребрен медал за презентација на својот град

Државен натпревар по барменство-Скопје, мај, 2011 година

  • златен медал во дисциплината приготвување на мешавини

Лични остварувања[уреди]

Детски ликовен центар Скопје, 2008/2009 година - Меѓународен ликовен конкурс на тема :Флора и фауна

  • прво, второ и трето место

Мултимедијален центар "Мала станица" Скопје, 2009 година- Награден конкурс на тема: Создавање светови

  • Пофалница

Детски ликовен центар-Скопје , 2010 година-Меѓународен детски ликовен конкурс на тема: 13 Ноември

  • Прва награда и диплома

Спортски резултати[уреди]

Државни првенства

  • 2001-атлетика (3 први места, 2 втори места и 1 трето место)
  • 2002-атлетика (3 први места, 2 втори места и 2 трети места)
  • 2003-атлетика (2 први места, 1 второ место и 1 трето место)
  • 2004-атлетика (2 втори места и 1 трето место)
  • 2007-атлетика (1 прво место и 1 трето место)
  • 2009-атлетика (1 прво место)

Општински натпревари

  • 2000-атлетика (4 први места, 4 втори места и 3 трети места)
  • 2001-атлетика (3 први места, 5 втори места и 2 трети места)
  • 2002-атлетика (3 први места, 3 втори места и 3 трети места)
  • 2003-атлетика (3 први места, 3 втори места и 3 трети места)
  • 2004-атлетика (4 први места, 3 втори места и 3 трети места)
  • 2005-атлетика (1 прво место, 2 втори места и 3 трети места),шах-прво место,пинг-понг-второ место
  • 2006-атлетика (7 први места, 3 втори места и 3 трети места),мал фудбал-прво место,ракомет-прво место,кошарка-второ место
  • 2007-атлетика (5 први места, 6 втори места и 4 трети места),мал фудбал-второ место,ракомет-трето место
  • 2011-мал фудбал-трето место,одбојка-трето место,пинг-понг-1 прво место и 2 втори места

Перспективи[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]