Нумизматика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Нумизматика е самостојна научна дисциплина која од разни гледишта ја проучува монетарната историја низ историските периоди, а воедно, таа е и една од поважните помошни историски дисциплини. Името потекнува од грчкиот збор nomisma, односно латинскиот nummus, што значи пари.

Историја[уреди]

Нумизматиката како и секоја друга наука има своја генеза која започнува во времето на класичната антика кога се јавил интересот за собирање на стари пари како уметнички предмети. Сепак, генерално прифатено е дека нумизматиката како наука започнува да се развива со ренесансниот поет Франческо Петрарка (1304-1374).

Во текот на 15 и 16 век биле создадени колекции на монети од страна на кралевите и благородниците, а меѓу најпознатите биле оние на Жан, војводата од Бери, д'Есте фамилијата, императорот Максимијан I и Матиас Корвинус. Последните две колекции станале основи на денешните национални колекции на Австрија и Унгарија. Подоцна слична улога одиграл и кабинетот на Луј XIV.

Во 17 век започнува каталогизација и документација на постоечките колекции, а интерес предизвикала и улогата која ја играле нумизматичките докази во реконструкција на историјата.

Во 18 век интересот за колекционерството станал уште поголем и во 1792 год. објавена е монографијата Doctrina numorum veterum во осум томови од Johann Hilarius Eckhel (1737-1798), кој се смета за татко на нумизматиката како научна дисциплина. Истиот бил кустос во Виенскиот Нумизматички кабинет и прв професор по нумизматика на виенскиот универзитет.

Покрај кралските и музејските збирки почнувајки од 17 век и банките почнуваат да формираат свои збирки на монети, медаљи, печати, уметнички слики, скулптури итн. Така на пример во збирката на Банката на Англија има предмети кои биле инвентарирани во 1694 год., односно годината кога банката била формирана.

Во Македонија во периодот меѓу 16 до 19 век главно манастирите и поголемите џамии биле местата каде што се прибирале и чувале старините. Кон средината на 19 век кога се зголемува интересот за старините и меѓу другото забележано е дека Димитар Миладинов од 1856 год. се занимавал со собирање на нумизматички и археолошки материјал. Нумизматичкиот материал го испраќал во Белград во Друштвото на српските словесности и во Москва на Орел Ошмајанцов. Забележано е дека Народниот музеј во Белград му исплатил форинти во сребро за откуп на средновековни монети.

Со формирањето на првите музејски институции во Македонија започнува систематското собирање и проучување на нумизматичките наоди. Некаде во средината на 20 век се појавуваат првите посериозни трудови од областа на нумизматиката, а нивните автори Борка Јосифовска-Драгоевиќ, Вера Битракова-Грозданова и Апостол Керамитчиев и денес се цитираат во литературата. Во 1998 год. од печат излезе и првиот број на Македонски нумизматички гласник во издание на Музеј на Македонија во кој двојазично се публикуваат трудови на домашни автори, но и автори од регионот на Балканот.

Следејки ги светските трендови во врска со улогата која ја имаат централните банки во грижата за сопственото културното наследство во 1999 год. Народна банка на Република Македонија меѓу своите функции приклучи уште една, откуп на стари и ретки пари од тлото на Македонија. Збирката денес брои околу 17 000 примероци на монети, медаљи, ексагии и модерни банкноти што е резултат на систематски откуп и донации, и со оваа бројка таа прерасна во најголема јавна нумизматичка збирка во Р. Македонија.

Класификација[уреди]

Од историска гледна точка нумизматиката во Р.Македонија опфаќа:





  • Модерна нумизматика

Видете исто така[уреди]