Нубиско свраче

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Нубиско свраче
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Сврачиња
Род: Lanius
Вид: Нубиско свраче
Биномен назив
Lanius nubicus
Lichtenstein, 1823

     Лето      Зима[2]

Нубиското свраче (науч. Lanius nubicus) е член на фамилијата сврачиња (Laniidae). Се размножува низ југоисточна Европа, вклучувајќи ја и Македонија и источниот крај на Медитеранот, со издвоена популација во западен Иран. Таа е честа и вообичаена птица во Турција, Кипар, Израел и Сирија. Птица преселница е, што зимува во североисточна Африка.

Опис[уреди]

Женка во Израел

Нубиското свраче е долго 17 см. Горниот дел од телото му е црна. Рамениците се бели, како и корените на примарните пердуви за летање. Долниот дел од телото е бело, но од страните е портокаловокафеав или црвеникавокафеав. Малата, сплескана глава е црно-бела. Круната и тилот се црни, челото, образите и вратот се бели. Има тенка, црна линија што минува низ окото. Долгата опашка е црна, како и очите и клунот. Нозете му се сиви. Женките и младенчињата одозгора се сивокафеави, а не црни, а на рамењата имаат многу помалку бело. Портокаловото на слабините е незабележително, освен во непосредна близина. Оваа птица е постојано во движење.

Однесување[уреди]

Живеалиштето на нубиското свраче се отворените пространства со грмушки и дрвја. Ги населува тополите, старите, напуштени овоштарници, плантажите со маслинки, дабовите и боровите шуми, како и ридестите предели со смреки. Живее до 2.000 метри надморска височина, претпочитајќи ги ридовите и подножјата.

Исхрана[уреди]

Исхраната на нубиското свраче се состои главно од големи инсекти, како што скакулците, штурцитете, бубачките и вилинските коњчиња, пеперугите во различните фази на нивниот развој, мравките, како и премногу мали гуштери и цицачи. За време на миграција, малите изморени птици може да бидат нејзини жртви.

Женка, нубиско свраче

Размножување[уреди]

Lanius nubicus - јајца

Птиците се моногамни. Мажјаците пристигнуваат на местото за размножување неколку дена пред женките. Додворувањето започнува во април. Повеќето партнери пеат во дует. Двете птици го градат гнездото на височина од 1 до 10 метри. Направено е од парчиња корени, билки, стебла (често, исто така, со цвеќиња), борови иглички и мов. Внатре постилаат меки материјали како волна, нежни растенија и често вештачки материјали. Тоа е уметничка структура, мала, компактна чашка, поставена на страничните гранки на различни видови дрвја. Гнездото не го користат двапати, но материјалите може да ги искористат за градење ново. Второ легло е често, а ако се уништи првото тогаш е правило. Несат 4-7 жолтокафеави, зеленкавосиви или розови јајца со темни дамки.

Инкубацијата трае 14-16 дена. Во ова време мажјакот е постојано во близина на гнездото, ја штити и храни женката. Пилињата ги хранат обата родитела. По 20 дена го напуштаат гнездото, но, најмалку уште две недели се зависни од родителите.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]