Ноќен воз за Лисабон

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ноќен воз за Лисабон (англиски: Night Train to Lisbon) е филм 2013 во режија на Били Аугуст. Главните улоги ги толкуваат: Џереми Ајронс, Мелани Лорент, Џек Хјустон, Аугуст Диел, Бруно Ганц, Шарлот Ремплинг и Мартина Гедек.

Содржина[уреди | уреди извор]

По една средба со таинствена Португалка, швајцарскиот професор ја напушта кариерата и оди во Лисабон, во потрага по еден доктор и поет, кој целиот живот го посветил на борбата против диктаторот Салазар. За време на својата потрага, професорот станува сведок на мрачната историја на Португалија за време на диктатурата и, истовремено, открива еден трагичен љубовен триаголник.[1] [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 839, 25.7.2014, стр. 17.
  2. „Ноќен воз за Лисабон“, Антена, број 873, 20.3.2015, стр. 20.