Нокаут

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Нокаут
Основни податоци
Потекло СкопјеРепублика Македонија
Години активност 1997 - 2003
2006 - сега
Сродни групи Игор Џамбазов
Веб-место http://nokaut.myrealstar.com/main.htm
Членови
Владимир Крстевски – Франц
Никола Перевски – Пере

Нокаут е музичка група од Скопје, Македонија, формирана во 1997 година, а реоформена во 2006 година. Основачи на бендот се Владимир Крстевски – Франц и Никола Перевски – Пере кои како целосна формација функционирале заедно со Кирил Колемишевски (втор вокал) и Ацо Богдановски (перкусии). По неколку години пауза (2003-2006) Нокаут повторно се активирале во проширен и изменет состав. Покрај Франц и Пере влегуваат и членовите Благоја Антовски (тапани), Горјан Петровски (гитара), Бојан Перевски (перкусии), Борче Кузмановски (клавијатура), Виктор Николовски (бас гитара) и Луај Реџепов (гитара).

Фестивали и награди[уреди]

Добитници се на наградите „Тинејџерска атракција“ во 1998, кога се и прогласени за „Група на годината“ две години по ред (1998, 1999). Во 2001 ја добиваат Златната Бубамара за aлбум и престижната награда како композитор и текстописец „Grand Prix“ на официјалниот избор за Евровизија на Скопскиот фестивал во 2002 година со песната „Од нас зависи“ во изведба на Каролина Гочева. Учествувале во повеќе турнеи, издвојувајќи ги “Сакам Скопско“, “Македонски Телекомуникации“, “Мис на Македонија“, "B.U.perfume" итн... Добитници на „Златната бубамара на популарноста“ 2011/2012 година за концерт на годината.[1]

Концерти[уреди]

На 17 декември 2014 година, „Нокаут“ одржале концерт во Универзалната сала во Скопје. Концертот започнал со песната „Фатална опсесија“, еден од првите хитови на групата, изведен на фестивалот „Макфест“ во 1997 година, а следувала песната „Танго“ со која се претставиле на истиот фестивал во 2014 година. Премиерно, била изведена песната „Понекогаш“, а концертот завршил со песните „Илјада причини за крај“ и „Ти си проблем“, која оригинално ја исполнувала групата „Студени нозе“. Инаку, на концертот гостувале и раперот Тони Зен, Владимир Поп-Христов од групата Д.Н.О., и Игор Џамбазов.[2]

Соработки[уреди]

Соработувале со голем број познати јавни лица и музичари од нашата естрада како Дарко Димитров, Тоше Проески, Д.Н.О, Ареа, Принц, Каролина Гочева, Дарко Митревски, Бане Поповиќ, Дарко Гелев – Брејк, Игор Џамбазов, Ристо Вртев, Мартин Трпчевски, Зорица Црношија, Тони Михајловски, Авалон Продукција и други.

Спонзори[уреди]

Пере и Франц се заштитни лица на Шкода Roomstеr.

Дискографија[уреди]

Албуми[уреди]

Синглови[уреди]

Наводи[уреди]

  1. http://www.mmm.com.mk/?ItemID=5AD63037F462094A977C66094F76AFAA
  2. Ѓорге Стојанов, „Треба да ни дадат оскар за недобивање награди“, Дневник, година XVIII, број 5646, петок, 19 декември 2014, стр. 25.

Надворешни линкови[уреди]