Ножноплодни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ножноплодни
Крупнолисен ногоплод - лисје и шишарки
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Иглолисни
Класа: Четинари
Ред: Боровидни
Фамилија: Ножноплодни
Endl.
Родови

Acmopyle
Afrocarpus
Dacrycarpus
Dacrydium
Falcatifolium
Halocarpus
Lagarostrobos
Lepidothamnus
Manoao
Microcachrys
Microstrobos
Nageia
Parasitaxus
Phyllocladus
Podocarpus (ногоплод)
Prumnopitys
Retrophyllum
Saxegothaea
Sundacarpus

Ножноплодните (науч. Podocarpaceae) се голема фамилија of mainly иглолисни растенија, претежно од Јужната Полутопка. Фамилијата се состои од 156 видови зимзелени дрва и грмушки. [1] Овие се поделени во 19 рода, ако го броиме родот Phyllocladus, и ако ги прифатиме родовите Manoao и Sundacarpus.

Оваа фамилија е класичен пример за антарктичка флора, со главни центри на разновидност во Австралазија, особено застапени во Нова Каледонија, Тасманија и Нов Зеланд, и малку помалку застапени во Малезија и Јужна Америка (главно на Андите). Неколку родови виреат северно од екваторот во Индокина и на Филипините. Родот ногоплод (Podocarpus) е распространет на север дури до Јапонија и јужна Кина и Азија, Мексико и Америка. Родот Nageia вирее до јужна Кина и јужна Индија. Два рода се застапени и во супсахарска Африка - широкораспространетите ногоплодови и ендемскиот африкански ногоплод (Afrocarpus).

Parasitaxus usta е единственото паразитско голосемено растение. Вирее во Нова Каледонија, каде е паразит на друг ножноплодест вид, Falcatifolium taxoides. [2]

Наводи[уреди]

  1. James E. Eckenwalder. 2009. Conifers of the World. Timber Press: Portland, OR, USA. ISBN 978-0-88192-974-4.
  2. William T. Sinclair, R. R. Mill, M. F. Gardner, P. Woltz, T. Jaffré, J. Preston, M. L. Hollingsworth, A. Ponge, and M. Möller. 2002. "Evolutionary relationships of the New Caledonian heterotrophic conifer, Parasitaxis usta (Podocarpaceae), inferred from chloroplast trnL-F intron/spacer and nuclear rDNA ITS2 sequences". Plant Systematics and Evolution 233(1-2):79-104. doi:10.1007/s00606-002-0199-8

Извори[уреди]

  • Christopher J. Quinn and Robert A. Price. 2003. "Phylogeny of the Southern Hemisphere Conifers". Proceedings of the Fourth International Conifer Conference:129-136.

Надворешни врски[уреди]