Новозеландско зелкино дрво

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Новозеландско зелкино дрво (Cordyline australis)
Зелкино дрво во цвет,
Даниднски ботанички градини
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Класа: Монокотиледонски растенија
Ред: Шпаргловидни
Фамилија: Лаксманијакеи
Род: Кордилини
Вид: Зелкино дрво
Биномен назив
Cordyline australis
(Фрост. ф.) Хук. ф.

Зелкино дрво (англиски: Cabbage tree, латински: Cordyline australis, маорски: Tī kāuka или Tī rākau), е монокотиледонско ендемско дрво во Нов Зеланд. Расте до височина од 15 м, отпрвин на само едно стебло, а потоа разгранувајќи се обликува крошна, со тоа што секоја гранка се чатали одкога ќе роди стебло со цвет. Листвите потсеќаат на сабји, и се со должина од 40-90 цм, а ширина од 3-7 цм при основата, со бројни паралелни жили. Световите се драп по боја и мали по големина - околу 1 см во дијаметар со шест ливчиња. Цветчињата растат во големи, густи китки со должина од 50-100 см. Плодот е бела бобинка со дијаметар од 5-7 мм.

Бидејќи растението е богато со јаглехидрати, тоа може да се готви и јаде. Затоа ова растение било важно за прехраната на маорите во последните 800 години. Со радиојаглеродно датирање утврдено е дека ова растение се употребувало во 1000 год.

Зелкино дрво во Манукау, Окленд

Зелкиното дрво е исто така добар извор на прехранбени влакна. Материјалнот од стеблото и корењата се прават во јажиња, а листовите се исползуваат за конците од кои се прават ткаенини. Сокот на растението е добра превентива против инфекции. Првите мисионери „правеле подносливо пиво од него“. Комерцијалната вредонст на ова дрво сѐ уште не е наполно проценета. Можно е истото да се користи за нискокалоричен заблажувач (бидејќи е два пати послатко од шеќер) како и за извор на етанол.

Ова дрво исто така се сади како украс, во Нов Зеланд, како и во западна Европа (вклучувајќи ја Велика Британија) и западниот брег на Северна Америка. Бидејќи е поотпорно на студ од другите монокотни дрва, ова растение се користи за давање на егзотичен изглед на една градина. Ова се должи на тоа што растението личи на палма.