Новозеландска дрвеста папрат
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Новозеландска дрвеста папрат | |
|---|---|
![]() |
|
| Новозеландска дрвеста папрат во шума | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Растенија |
| Оддел: | Папрати |
| Класа: | Папратии |
| Ред: | Дрвести папрати |
| Фамилија: | Диксониеви |
| Род: | Диксонии |
| Вид: | Новозеландски дрвеста папрат |
| Биномен назив | |
| Dicksonia squarrosa (Г. Форст.) Св. |
|
Новозеландската дрвеста папрат (лат. Dicksonia squarrosa) е дрвеста папрат со средна големина, со високо и тенко кафено стебло.
Ова дрво дава малку меки листови (папратови листови) и секое од нив никнува во рречиси хоризонтална положба. Листовите достигнуваат 1.5 – 3 м во долкжина, и се многу помали одколку кај кјатејските видови и исто така се прилично кршливи на допир. Тие сочинуваат мал „чадор“ врз стеблото. Растот му е брз со некои 10 см годишно и можат да сотигнат до 6 м во височина.
Понекогаш ваквите папрати извираат дури и од мртви стебла бидејќи растението ги користи како ограда и потпора. Понекогаш може да се забележи дека листовите изникнуваат по страната, кога врвот на растението е мртов.
Новозеландската дрвеста папрат е издржлив на дождови и донекаде на ветер, но најдобро вирее во места со мешана сенка и заштита од ветер. Самото растение толерира секакви временски услови, но не изгледа неправилно. При температури под 4-5° Ц растението треба да се штити со облога на крошната. Листовите се мали и компактни, така што ова дрво е погодно за чување во саксија или во мала градинка.
Ова дрво е познато и под маорското име Феки и расте насекаде во Нов Зеланд. Други имиња за истот дрво се груба дрвеста папрат и кафена дрвеста папрат.
