Нова ТВ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лого Нова ТВ

Нова ТВ е првата хрватска комерцијална телевизија со национална консесија, членка на ЦМЕ групата.

Програмот почнал да се емитува на 28 мај 2001, како прва хрватска комерцијална телевизија со национална консесија и набргу станала многу популарна меѓу гледачите. Најпозната е по својата информативна емисија Дневник Нова ТВ. Програмот се сости од различни серии, емисии, цртани, филмови и дневни вести. На Нова ТВ се прикажуваат и познати хрватски хумористични серии. Исто така се прикажуваат и новите популарни американски серии како „Изгубени“, „Очајни домаќинки“, „Медиум“ и т.н. Преносите од спортските настани исто така се повремено дел од нејзината програма. Промената на сопствената структура донесе и златно вложување во техниката и луѓето, па така Нова ТВ 2006 се всели во нови простории и студија и започна со нови домашни проекти. Нашите гледачи оваа телевизија можат да ја следат на кабелска телевизија во нивниот град.

Надворешни врски[уреди]