Нијангатоми

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Нијангатомите, или познати како Инијангатоми, Дониро или Буме, се нилотски народ кои живеат во јужниот дел на Јужен Судан и Етиопија. Народот е мал по број на жители,[1] и тие се воглавно сточарски народ кој живее во спорниот Илемиски триаголник. Името на нијангатомски значи „жолти пушки“.

Карактеристики[уреди]

Нијангатомите се сродни со народот Топоса, кои се и нивен пријателски народ. Нијангатомите зборуваат на нијангатомски јазик, дел од источнонилските јазици и сроден е со каримоџоншкиот и тесоанскиот јазик во Уганда, како и со топосанскиот и турканскиот јазик.

Името „Буме“ е навредливо за самите Нијангатоми бидејќи значи „смрдливи“. Ова име го користат сите нивни соседи. Сите соседни народи се непријатели за Нијангатомите, освен Топоса. Непријателството потекнува од борбата за завладување плодни и влажни пасишта и земјишта. Нијангатомите воглавно живеат во најсушните предели на долината. Поради тоа, овој народ поседува автоматски пушки кои ги добиле од Етиопија и со тоа се стекнале со лоша репутација од околните народи. Подземните води се главен извор на питка вода, а одгледувањето кози и останат добиток е главна стопанска гранка.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]