Никола Пазарџиклиjата

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Никола Ангелов Груjчин
бугарски револуционер
Роден 1873
с. Пазарџик, Бугарија
Починал 1908
Софија, Бугарија

Никола Ангелов Груjчин е бугарски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

[уреди] Биографија

Роден е во 1873 година во Пазарџик, тогаш во Османлиската империja. Учи таму, а потоа во Софија каде влегува во Организацијата. Во 1901 година Пазарџиклиjата станува четник при неврокопскиот воjвода Стоjан Малчанков. Со почетокот на Илинденското востание Никола Груjчин учества во борбата што се водела со турскиот аскер, а потоа е самостоен воjвода на чета и се бори во Разлошко, заедно со четите на Михаил Чаков, Јане Сандански, Стоjaн Малчанков и Иван Апостолов. Во Софија во текот на 1904 година Груjчин учeства во реорганизациjaта на ТМОРО и е куриер на Задграничното претставништво. Префрла оружје во Македониjа со Малчанков и Михаил Чаков. Во периодот на 1905 - 1906, Пазарџиклиjата е пак во Македониja како Кривопаланечки воjвода, каде ја возбновува мрежата на ВМОРО. Во 1907 година се вратил во Софиja и при избувнувањето на меѓусебни борби меѓу македонско-одринските дејции е убиен во 1908 година, најверојатно од приврзаници на Јане Сандански [1][2][3].

[уреди] Извори

  1. Енциклопедия Пирински край. Том 2, Благоевград, 1999, стр. 50.
  2. Биография от сайта на ВМРО
  3. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 37.

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици