Николаус Ото
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Николаус Аугуст Ото (14 јуни 1832 – 26 јануари 1891) (германски: Nicholaus August Otto) бил германски пронаоѓач и инженер кој го дизајнирал Oто-моторот - четворотактен мотор со внатрешно согорување. Ото-моторот бил пронајден во 1876 година. Иако идеите и концептот за четворотактен мотор со внатрешно согорување постоеле во времето кога Ото го развил својот пронајдок, тој бил првиот што направил практична и употреблива верзија, која е во примена и денес во речиси сите автомобили, како и во многу авиони, локомотиви, агрегати и други моторизирани уреди.