Никодим Царкњас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Никодим Царкњас

Архимандритот Никодим Царкњас — македонски монах и поборник за македонскиот народ во Егејска Македонија. Со својата упорна и посветена борба за признавање на правото на сопствен јазик и црква на Македонците во Егејска Македонија, Отец Никодим Царкњас е една од водечките фигури и симбол на движењето на Македонците од Егејска Македонија за остварување на националните и политичките права.

Роден е во 1942 г. во селото С’ботско, Мегленско/Воденско. Во 1973 бил замонашен како член на грчката православна црква. Во 1991, на позиција архимандрит, бил протеран од Црквата во Грција. Причините за неговото исклучување се спорни. Грчката Црква го обвинува за сериозно нарушување на етиката, и по одлуката на Светиот Синод бил доведен пред црковното правосудство и на 11 март 1992 година бил исфрлен од грчката црква.[1]

Самиот бил иницијатор и носител на градбата на црква во родното село, која е осветена во 2001 година и во која проповеда на македонски јазик.

За својата упорност морал да лежи затвор, бил спречуван и понижуван. Еден од иницијаторите е на постапката пред Судот во Стразбур против државата Грција за да овозможи постоење на законски регистрирана црква која ќе богослужи на македонски јазик и озаконување на сите црковни и духовни активности. Постапката е во тек (2008).[2]

Добитник е (2006) на признанието „Духовен воин“, што го доделува културната манифестација „Македонски духовни конаци“ за смиреноста и истрајноста во заложбата за проповед на македонски јазик.

Извори:[уреди | уреди извор]