Никарагва (езеро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Езеро Никарагва
Езеро Никарагва - Езерото Никарагва
Езерото Никарагва
Езеро Никарагва -
Место Никарагва
Координати 11°37′ СГШ 85°21′ ЗГД / 
Главен истек Сан Хуан
Површина на сливот 41.600 km2 (16,062 sq mi)[1]
Земји во сливот Никарагва, Коста Рика
Макс. должина 161 km (100 mi)
Макс. ширина 71 km (44 mi)
Површина 8.264 km2 (3,191 sq mi)
Макс. длабочина 26 m (85 ft)
Водна зафатнина 108 km3 (

26 cu mi)

Надм. височина на површината 32.7 m
Острови 400+ (вклучувајќи ги островчињата на Гранада, Ометепе, Солентинамски Острови, и Запатера)
Населени места Алтаграсија, Гранада, Мојогалпа, Сан Карлос, Сан Хорхе

Езерото Никарагва (шпански: lago de Nicaragua, lago Cocibolca, Mar Dulce) со 8,157 km² е најголемото езеро во Средна Америка. Се наоѓа во југозападниот дел на Никарагва. Поврзано е со езерото Манагва на север.

Најголем остров во езерото е Ометепе со два вулкани, втор најголем е Запатера на север, додека на југ се наоѓаат Солентинамските острови. Покрај нив, тука се наоѓаат и околу 400 островчиња.

Реката Сан Хуан истекува од езерото и се влева во Карипското море. На тој начин помалите бродови од Атлантикот можат да пловат до пристаништата на неговиот брег. Историските записи говорат дека карипските гусар три пати го напаѓале градот Гранада на брегот на езерото Никарагва.

На езерото Никарагва владее жив соораќај кој ги поврзува неговите брегови. Веќе подолго од век постоеле планови езерото Никарагва и реката Сан Хуан да се искористат за изградба на канал помеѓу Атлантикот и Пацификот (таканаречен Никарагвиски канал).

Многу морски видови на риба можат да допливаат и опстанат во слатководното езеро Никарагва, како што се сабјарката и ајкулата. Езерото денес е прилично загадено.

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Salvador Montenegro-Guillén (2003). "Lake Cocibolca/Nicaragua" во LBMI Regional Workshop for Europe, Central Asia and the Americas. Lake Basin Management Initiative: Experience and Lessons Learned Brief: 1-29 (консултирано на 2014-01-01).