Никанор Пара

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Никанор Пара

Никанор Пара (шпански: Nicanor Parra) (роден на 5 септември 1914 во Сан Фабијан, Чиле) е еден од најпознатите чилеански поети и математичари, често сметан за највлијателниот поет пред Пабло Неруда.

Потекнува од уметнички плодно чилеанско семејство на изведувачи, музичари, актери и писатели. Неговата сестра Виолета е можеби најзначајната фолк пејачка, претставник на нацијата.

Пара студирал математика и физика. Во 1933 година, тој станува активен член на Институтот за педагогија на Универзитетот во Чиле и професор по математика и физика во 1938, една годинa после појавувањето на неговата прва книга „Cancionero sin Nombre“. Живее во местото Ла Реина, кое се наоѓа високо на Андите. Своето детство го поминал во беда и сиромаштија, но и покрај лошите услови тој се трудел и постигнал добри резултати на училиште.

После предавањата во Чилеанските средни училишта, во 1943 оди на Брауновиот Универзитет во Соединетите Американски Држави за да ги продолжи неговите студии по физика. Се враќа во Чиле како професор на универзитетот во 1946. До 1952 Пара беше професор по теоретска физика во Сантијаго. Дел од своето образование го помина и на Универзитетот Оксфорд во Англија на одделот за математика и физика.

Автор e на повеќе збирки и поеми. Обидувајќи се да побегне од вообичаента поезија, поетскиот јазик на Пара не ја признава префинетоста на поголемиот дел на латиномериканската литература и повеќе го прифаќа секојдневниот говор кој е поблизок до прозата со цел да биде на некој начин поблиску до читателот.

Во неговото прво дело „Cancionero sin nombre1937 тој го користи вообичаениот, често потценуваниот јазик, кој е несериозно третиран во споредба со класичните форми. Оваа поема е напишана пред тој да ја пронајде неговата идеја за тоа што всушност треба да биде поезијата. Неговиот јазик исполнет со хумор ја најавува и неговата подоцнежна антипоезија. Делото „Poemas y Antypoemas1954 е класик на латиноамериканската поезија од XX век и престставува инспирација за Американските писатели како што е Ален Гинсберг. Неговите први трудови напишани во тинејџерските денови беа доста нереални.

Па така во неговата прва поема „Poemas y Antypoemas1954, Пара се насочува кон создавање на поезија која е подостапна за луѓето, а токму тоа ќе му овозможи да достигне национална и интернационала слава. Стиховите на Пара ги третираат заедничките секојдневни проблеми на смешниот и апсурден свет. Тие се пишувани со едноставен, директен јазик, црн хумор и иронија. После експериментирањето со локалниот говор и хумор на Чилеанските ниски класи во „La cueca larga“, 1958, Пара ја издава „Versos de salon“, со што ги продолжува антипоетските техники на неговите први трудови. Во оваа поема тој преку пародија ги искажува секојдневните форми на пишана комуникација, вклучувајќи ги текстовите, рекламите и кампањските слогани. "Obra gruesa" 1969, е збирка на поеми каде што дозата на своето незадоволство ја зголемува со употреба на проза, клише и иронична игра на зборовите.Во 1967 Пара започнува да пишува експериментални кратки поеми кои подоцна ги издава како колекција од разгледници именувани како „Artefactos“, 1972. Во ова дело тој го обеднува уличниот јазик и секојдневниот жаргон. Со ова тој се обидува да го редуцира јазикот во најпроста форма без уништување на неговата социјална и философска смисла. Во 1967 ја издава збирката „Cancones Rusas“.

Пара неколкупати беше номиниран за Нобеловата Награда за литература. Тој исто така добива и голем број други награди во областа на литературата. Едни од позначајните се: Наградата на градот Сантијаго во 1937 и 1954 година; Наградата на писателите во 1954 година; Националната Награда за литература во 1969, како и наградата Хуан Рулфо во 1991 година.

Творештво[уреди]

  • Cancionero sin nombre (1937)
  • Poemas y Antipoemas (1954)
  • La cueca larga (1958)
  • Versos de salon (1962)
  • Manifiesto (1963)
  • Canciones rusas (1967)
  • Obra gruesa (1969)
  • Los profesores (1971)
  • Artefactos (1972)
  • Sermones y prédicas del Criso de Elqui (1977)
  • Nuevos sermons y prédicas del Criso de Elqui (1979)
  • El aniti-Lázaroi (1981)
  • Poema y Antipoema de Edurado Frei (1982)
  • Cachureos, ecopoemas, guatapiques, ultimas predicas (1983)
  • Chistes para desorienter a la policia (1983)
  • Coplas de Navidad (1983)
  • Poesia politica (1983)
  • Hojas de Parra (1985)
  • Poemas para combater la calvicie (1993)
  • Paginas en blanco (2001)
  • Lear Rey & Mendigo (2004)

Надворешни врски[уреди]