Не сум таму (филм)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Не сум таму“ (англиски I'm Not There) е биографски филм од 2007 инспириран од легендарниот пеач и текстописец Боб Дилан, а режиран од Тод Хејнз. Филмот презентира шест различни нивоа на животот на Дилан и неговата јавна личност. Неговиот лик го толкува ансамбл од актери: Маркус Карл Френклин, Бен Вишо, Хит Леџер, Кристијан Бејл, Ричард Гир и Кејт Бланшет, кои играат ликови базирани на Дилан, но со различни имиња.

Филмот ја раскажува приказната користејќи нетрадиционални техники, слични на поетскиот наративен стил на Боб Дилан. Своето име филмот го добива од истоимената песна на Боб Дилан од 1967, која не била објавена се до овој филм. Прифатен од критиката, „Не сум таму“ се најде на многу топ списоци на филмови за 2007.

Сиже[уреди]

Филмот се отвора со Боб Дилан кој се качува на сцена за да свири. Кадарот се префрла на Дилан како доживува сообраќајна несреќа на мотор, што се случило во 1966 и завршува на аутопсиска маса.