Не е сè како што изгледа
Не е сè како што изгледа е книга од македонската блогерка Кими, издадена во едицијата „Блог-записи“. Едицијата е составена од 14 книги на независни автори - блогери на издавачката куќа „Аквариус пет“.[1]
Вистинското име на авторот е Слаѓана Димитровска, родена 1972 година. Меѓу прашањата за постоењето, за пријателството, за среќата, во книгава се поместени и размислувања за секојдневието на една жена.
„Ако некој се изјасни со свој став, а јас сум против тој став и јавно говорам против другиот, и сум нападната како да го кршам правото на говор на другиот - Каде е моето право на говор?“ [2]
[уреди] Наводи
- ↑ Метаморфозис, фондација за одржливи информатички решенија - 14 македонски блогера промовираа печатени книги, 28 март 2008. [Страницата е посетена на 17 јули 2008]
- ↑ Не е сè како што изгледа, Скопје:2008; ISBN 978-608-4502-07-4
| Книги од изданието Блог-записи |
|
Археолошки дневник • Мртвите херои на нашата иднина • No friends no family • Авгански дневници • Последниот македонски хакер • Патот на душите • Светлата страна на готиката • Мисли на празно срце • Пуфлините коцкички • Не е сè како што изгледа • Од CABARET до OZ • Анти-блог за Филип Петровски • Мајмунска стапица • Кога нема ништо • |
- Блогот на Кими - блог од кој се вклучени постовите во книгата
