Нефролитиаза
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Нефролитеаза (латински: Nephrolithiasis; бубрежен камен) е болест на бубрегот, поточно на меките делови на овој орган - чашки, канали - каде што болеста формира цврсти материјални супстанции - од песок до камења со големина од неколку сантиметри, кои обично пречат на правилното функционирање на овој орган.
Етологија [уреди]
Причините сè уште не се изјаснети, стручњаците се согласуваат дека станува збор за нарушена или погрешно размена на материите.
Таа може да биде:
- внатрешна: поврзана со особеностите на индивидуалниот организам, или
- надворешна: определена од режимот на исхрана.
Кристалите, кои ги образуваат бубрежниот песок или камења, според хемиски состав, се делат на оксалатни, фосфатна и уратни. Нефролитиазата е најчестото заболувања на бубрезите. Во конкретната смисла за болеста може да се зборува кога се претвори во хронично, т.е. кога песокот и комбинираните од нив "камења" се образуваат редовно.
Симптомите [уреди]
Симптомите се остри колики, повраќање, сеопфатна омалаксаност, крв во урината - која се покажува во крајниот стадиум на болеста, по т.нар. бубрежни кризи, кога организмот ослободува наталожените, во него, кристали.
Превенција [уреди]
Најголемата превенција се сведува на правилна исхрана, во зависност од типот на кристалите, кои се образуваат во урината на човекот. Лекувањето е медикаментозно во острите случаи се бара хируршка интервенција за отстранување на бубрежните камења
