Нетер монотеистички Бог

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Кога би ги проучувале староегипетските религиски текстови, би се увериле дека Египќаните верувале во еден Бог кој сам се создал (родил), кој живеел сам од себе, бил бесмртен, невидлив, вечен, сезнаечки, семоќен и недофатлив; го создал небото, земјата и подземниот свет; морето, мажот и жената, животните и птиците, дрвјата и билките, и бестелесните суштества - гласници - кои ја исполнуваат неговата волја и реч. Се развиле и политеистички идеи како многубоштво и идолопоклонство кои во разни периоди имале големо влијание врз околните народи и врз странците кои престојувале во нивната земја, па така политеизмот станал доминантен во египетската религија, и само во времето на кралот Акенатон монотеизмот бил доминантен. Но и покрај се, верувањето во еден Бог од кој се започнало и неговото единство никогаш не исчезнало. Записите кажуваат дека името на семоќниот и единствен Бог во староегипетската религија било Нетер, чиј сликовен знак бил острица од секира, прицвстена на долга дрвена дршка. Го имал тој симбол, бидејќи во дамнешните времиња најсилниот човек имал најголема секира и така секирата станала симбол на најсилниот човек. Поради големиот број на јунаштва и храбри потфати, од редот на хероите преминал во редот на боговите, па слично и секирата, од симбол за херои, преминала во симбол за бог. Исто така, тука ќе споменеме дека кога ќе умрел херојот, секирата му ја положувале во неговиот гроб за да се служи со неа во подземниот свет, за да со неа се бори против своите непријатели. За значењето на името Нетер постојат различни мислења. Едно мислење е дека тоа значи сила, моќ и слично, друго мислење е дека значи обнова или обновување, па од таму идејата во староегипетската религија за постоење на Бог кој имал моќ бескрајно да се обновува (да живее сам од себе). Египтологот Х. Бругш изведол заклучок од овие мислења, велејќи дека името Нетер значи самобитна активна моќ, која се создава одново во правилни повторувачки циклуси, која на се' дава нов живот и ја враќа младешката сила. Боговите присутни во староегипетската религија, всушност биле обличје, изрази и карактеристики на Ра, богот-Сонце, кој пак сам бил обличје, израз, карактеристика, симбол и претставник на Бога, па според тоа секој бог бил задолжен за некој епитет или некое својство на Бога. Од некои религиски записи можеме да прочитаме: „Бог е отец на боговите и отец на отците на сите божества. Тој стори да му се слушне гласот и божествата да настанат, и боговите настанаа кога тој прозборе со устата своја. Тој ги создаде луѓето и боговите“ Во египетската религија постојат повеќе митови за настанокот на светот и боговите, еве тука еден од попозантите митови: На почеток не постоеле ниту небото ниту земјата и немаше ништо освен бескрајна првобитна вода обвиена со густа темнина. Во оваа состојба, првобитната вода останала извесно време, иако во неа се содржел зародишот на креациите кој подоцна се појавил на овој свет, како и самиот свет. Конечно духот на првобитната вода почувствувал желба за создавање, и при изустувањето на речта се создале основите на светот (насип од сува земја во облик на пирамида). Следен чин на создавањето бил обликување на зародиш или јајце, од кој настанал Ра, бог-Сонце, во чиј облик била отелотворена семожната моќ на Божјиот дух. Ра потоа ја создал светлината и се' друго на светот. Има и друга верзија за почетокот на нештата која вели дека богот-Сонце излегол од свет син цвет на лотус што пораснал од калта, додека има и трета верзија која вели дека на почетокот се појавил скарабеј (бубачка) која го кревала Сончевиот Диск, т.е. богот-Сонце, на источниот хоризонт. Освен тоа што Ра бил сметан за видлив примерок и симбол на Бога (Нетер) и творец на светот и се' што е на него, тој во најголемиот период од староегитската религија бил сметан за великиот бог на небото и цар на сите богови, божествени суштества и блажените покојници кои живеат на небото. За положбата на блажените на небото одлучувал Ра, и од сите египетски богови изгледа дека единствено Озирис (бог на подземниот свет, судија на мртвите и бог на воскресението) имал моќ да побара заштита за своите следбеници. Се чини дека во еден период најголема надеж на еден Египќанец не била само да стане: бог, син на Бога; туку Ра навистина да му стане татко. Ра го задржал својот примат од најраните, па до најдоцните времиња и покрај обидите на владетелите на Теба (на јужниот дел на Египет) во одделни периоди да го наметнат богот Амен како владетел на боговите.

Наводи[уреди]

  • Египетска религија - египетската идеја за задгробниот живот - Е.А. Волис Баџ