Несторки (род)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Несторки
Новозеландска кака
(Nestor meridionalis)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Папагаловидни
Натфамилија: Новозеландски папагали
Фамилија: Несторки
Род: Несторки
Lesson, 1830
Видови

кеа (N. notabilis)
новозеландска кака (N. meridionalis)
† норфолшка кака (N. productus)
† четемска кака (N. spec.)

Несторки (науч. Nestor) — род од фамилијата несторки (Nestoridae). Заедно со какапото ја образуваат малата натфамилија новозеландски папагали (Strigopoidea). Родот има два преостанати вида на папагали од Нов Зеланд и два изумрени вида од Норфолшкиот Остров (Австралија) и Четемскиот Остров (Нов Зеланд). Сите овие птици се големи по раст и набиени, со кратки квадратни опашки. Најзачајна одлика на родот е јазикот, кој на врвот има „шишки“.[1]

Класификација[уреди]

Сите четири вида на несторки потекнуваат од „пракака“, која живеела во новозеландските шуми пред 5 милиони години.[2][3] Најблизок сродник на оваа птица е какапото (Strigops habroptila).[2][3][4][5] Заедно ја образуваат групата на новозеландски папагали (Strigopoidea), која уште во далечното минато се одделила од остатокот од папагалите, пред да се распрсне во повеќе видови.[2][3][5]

Видови[уреди]

Распространетост на несторките

Денес се преостанати два вида на несторки. Другите два се изумрени. Третиот вид е добро проучен, а за четвртиот (четемска кака) постојат сосема малку сознанија.

Несторки
Народен назив
(биномен назив)
статус
Слика Опис Распространетост и живеалишта
кеа

(Nestor notabilis)
ранлива[6]

Kea (Nestor notabilis) -on ground-8.jpg
Долга 48 см. Претежно маслинеста со црвеникаво под крилата и задницата. Пердувите имаат темни рабови. Клунот е темнокафеав, шареницата, нозете и стапалата. Мажјаците имаа подолг клун.[7] Нов Зеланд: Јужен Остров

Високи шуми и субалпски честаци на надморска височина од 850–1400 м.[8]
јужноостровска кака

(Nestor meridionalis meridionalis)
загрозена[9]

Kaka -Stewart Island-1c.jpg
Слична на северноостровската кака, но малку помала и со посветли бои. Качулката е речиси бела, а клунот е подолг и поискривен кај мажјаците.[10] Нов Зеланд: Јужен Остров

Напрекинати шумски предели со јужни буки и ножноплодни на надморска височина од 450–850 м во лето и 0–550 м во зима.[8]
северноостровска кака

(Nestor meridionalis septentrionalis)
загрозена[9]

Kaka-Parrots.jpg
Долга околу 45 см. Претежно маслинесто-кафеава со темни рабови на пердувите. Црвеникаво под крилата, задницата и вратот. Образите имаат златна до кафеава боја. Кикиришката е сивкаста.[10] Нов Зеланд: Северен Остров

Напрекинати шумски предели со јужни буки и ножноплодни на надморска височина од 450–850 м во лето и 0–550 м во зима.[8]
норфолшка кака

(Nestor productus)
изумрена до ~ 1851 г.[11]

John-Gould-001.jpg
Долга околу 38 см. Претежно маслинесто-кафеави горни делови, (црвеникаво) портокалови образи и грло. Градите се со боја на сено, а бутовите, задницата и долниот дел на стомакот се темнопортокалови.[1] Некогаш ендемска Норфолшкиот и Филиповиот Остров во Австралија[12]

Карпи и дрвја[1]
четемска кака

(Nestor sp.)
Изумрена некаде помеѓу 1550–1700[13]

Непознат изглед, но коските укажуваат на намалена способност за лет. Позната само од супфосилни коски.[13] Некогаш ендемска на Четемскиот Остров на Нов Зеланд

Шуми[13]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 Forshaw, Joseph M.; Cooper, William T. (1981) [1973, 1978]. „Parrots of the World“ (corrected second издание). David & Charles, Newton Abbot, London. ISBN 0-7153-7698-5. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Wright, T.F.; Schirtzinger E. E., Matsumoto T., Eberhard J. R., Graves G. R., Sanchez J. J., Capelli S., Muller H., Scharpegge J., Chambers G. K. & Fleischer R. C. (2008). „A Multilocus Molecular Phylogeny of the Parrots (Psittaciformes): Support for a Gondwanan Origin during the Cretaceous“. „Mol Biol Evol“ 25 (10): 2141–2156. doi:10.1093/molbev/msn160. PMID 18653733. 
  3. 3,0 3,1 3,2 Grant-Mackie, E.J.; J.A. Grant-Mackie, W.M. Boon & G.K. Chambers (2003). „Evolution of New Zealand Parrots“. „NZ Science Teacher“ 103. 
  4. Juniper, Tony; Mike Parr (1998). „Parrots: A Guide to Parrots of the World“. Yale University Press. ISBN 978-0-300-07453-6. 
  5. 5,0 5,1 de Kloet, R.S.; de Kloet, S.R. (2005). The evolution of the spindlin gene in birds: sequence analysis of an intron of the spindlin W and Z gene reveals four major divisions of the Psittaciformes. Molecular Phylogenetics and Evolution 36: 706–721.
  6. BirdLife International (2008). „Nestor notabilis“. Црвен список на МСЗП - загрозени видови во 2008 година. МСЗП 2008. Вчитано на 24 декември 2008.
  7. „Kea - BirdLife Species Factsheet“. BirdLife International. 2008. http://www.birdlife.org/datazone/species/index.html?action=SpcHTMDetails.asp&sid=1410&m=0. 
  8. 8,0 8,1 8,2 Juniper, Tony; Mike Parr (1998). „Parrots: A Guide to Parrots of the World“. Yale University Press. ISBN 978-0300074536. 
  9. 9,0 9,1 BirdLife International (2008). „Nestor meridionalis“. Црвен список на МСЗП - загрозени видови во 2008 година. МСЗП 2008. Вчитано на 24 декември 2008.
  10. 10,0 10,1 „Kaka - BirdLife Species Factsheet“. BirdLife International. 2008. http://www.birdlife.org/datazone/species/index.html?action=SpcHTMDetails.asp&sid=1412&m=0. 
  11. BirdLife International (2008). „Nestor productus“. Црвен список на МСЗП - загрозени видови во 2008 година. МСЗП 2008. Вчитано на 24 декември 2008.
  12. „Norfolk Island Kaka - BirdLife Species Factsheet“. BirdLife International. 2008. http://www.birdlife.org/datazone/species/index.html?action=SpcHTMDetails.asp&sid=1411&m=0. 
  13. 13,0 13,1 13,2 Millener, P. R. (1999). „The history of the Chatham Islands’ bird fauna of the last 7000 years – a chronicle of change and extinction. Proceedings of the 4th International meeting of the Society of Avian Paleontology and Evolution (Washington, D.C., June 1996).“. „Smithsonian Contributions to Paleobiology“ 89: 85–109. http://www.sil.si.edu/smithsoniancontributions/Paleobiology/sc_RecordSingle.cfm?filename=SCtP-0089. 

Надворешни врски[уреди]

  • Несторки - „Мрежа за папагали“ (германски)
  • Кеа - Енциклопедија на Светскиот фонд за папагали (англиски)


Шаблон:Папагали