Нервен гас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Нервниот гас е хемиско оружје, кое влијае врз пренесувањето на неврните импулси низ нервниот систем. Органофосфорните нервни агенси табун, сарин, и соман биле измислени во Втората Светска војна во Германија, но не биле употребени. Сите овие и поновиот агенс VX се произведувале во огромни количества во САД и Советскиот Сојуз за време на Студената војна, но денес, со Конвенцијата за хемиско оружје од 1993 год. е збрането нивно складирање и користење за време на војна. Само една капка од VX или сарин, доколку биде вдишан или стапи во контакт со кожата, може да се апсорбира во крвта и да предизвика парализа на нервниот систем, што би довело до престанок на функциите на респираторниот систем и смрт. Саринот бил употребен во 1995 год. во смртоносниот напад во едно метро во Токио од страна на припадниците на АУМ Шинрикио.[1]

Наводи[уреди]

  1. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, Скопје, 2005, книга 7, стр. 15