Неподносливата леснотија на постоењето

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


„Неподносливата леснотија на постоењето“  
Unbearable kundera book cover.jpg
Автор Милан Кундера
Преведувач Маргарета Карајанова
Јазик чешки
Издавач Табернакул
Страници 390 страни, 120mm x 200mm, полутврда подврска
ISBN 9989-171-31-9

Ова е веројатно најпознатата книга на Милан Кундера. Во неа на својот препознатлив начин авторот испреплетува неколку животни приказни, поставува неколку рамништа на толкување на овоземните нешта, а ја започнува книгата со размислување за идејата на Ниче за вечното враќање.

Мајсторски раскажувајќи ги личните приказни на Томаш, Тереза, Сабина, Франц тој ја отсликува и Прага од 1968 год. и положбата на интелектуалците таму.

Отворајќи го прашањето на тежината на постоењето, Кундера на оваа книга и дава и философска димензија, наспроти сетилноста која е присутна низ страниците преку љубовта, болката, страста...

Книгата е филмувана во 1988 г. со Жилиет Бинош во улогата на Тереза и Даниел Деј Луис во улогата на Томаш[1].

[уреди] Наводи

  1. преземено од [1]
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици