Неопределен број

Од Википедија — слободната енциклопедија

Неопредлен број (или „фази“ број, од англ. fuzzy number) е продолжение на еден обичен број во смисла што не се однесува на една единствена вредност, туку на поврзано множество на можни вредности, каде секоја можна вредност има своја „тежина“ помеѓу 0 и 1. Оваа тежина се нарекува функција на припадност. Затоа еден неопределен број е посебен случај на конвексно неопределено множество[1]. Како што неопределена логика е продолжение на Буловата логика (која користи само 'да' и 'не', без ништо помеѓу нив), така неопределените броеви се продолжение на реалните броеви. Пресметките со неопределени броеви овозможуваат работење со неизвесност кај параметрите, својствата, геометријата, првичните услови итн.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Michael Hanss, 2005. Applied Fuzzy Arithmetic, An Introduction with Engineering Applications. Springer, ISBN 3-540-24201-5

Надворешни врски[уреди | уреди извор]