Ненси Бејли

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ненси Бејли (англиски: Nancy Bayley; 1899-1994) била американски развоен психолог, позната по конструирањето на Бејлиевите скали за ментален и моторен развој,

Родена е во Орегон, САД. Денес, Бејли се смета за пионер во проучувањето на човековиот развој. Професионалниот век го посветила на документирање и мерење на интелектуалниот и моторниот развој на бебињата, децата и возрасните. Нејзините проучувања на физичкото и менталното созревање дадоа голем придонес во осознавањето на развојните процеси кај човекот. Ширум светот, денес, Бејлиевите скали се користат како стандардизиран психодијаностички инструмент за раниот детски развој.

Во текот на својот работен век била добитник на бројни почести и награди. Во 1966 година, таа е првата жена што ја добила реномираната награда за придонес во науката од Американската психолошка асоцијација.

Починала од белодробна слабост, во Калифорнија, САД во 1994 година.

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Strickland, B. (Ed.) (2001) The Gale Encyclopedia of Psychology, 2nd ed. Gale Group ISBN 0-7876-4786-1