Невербална комуникација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Невербалната комуникација се проучува дури во почетокот на XX век (првата книга во 1970 год). При човечките односи (контакти) меѓу луѓето, само 20 % од информациите се пренесуваат со помош на зборови како вербални средства, додека 60-80% се употребуваат невербални симболи (гестови, мимики) или некои технич-ки средства (компјутери и други технички средства). Секој човек може да изучува разни јазици и работа со компјутери. Единствен во светот е говорот на телото, јазикот на мимиките и гестовите, јазик со кој може да се комуницира полновредно со сите луѓе, ако не знаеме да го зборуваме јазикот на со-говорникот со кого на некој начин сакаме да контактираме. Најголемото значење на невербалната комуникација е тоа што неговите симболи се најчесто несвесни импулси кои е невозможно да се фалсификуваат, и може да се открие дали соговорникот ја зборува вистината или едно мисли, а друго зборува. Невербалната комуникација се проучува во почетокот на XX век, а првите книги се појавуваат во 1970 година. При пренесувањето на информации 45% припаѓа на вербалната комуникација (зборовите), а 55% на невербалната комуникација (мимики, гестови, движења) разни истражувања покажале дека човекот просечно зборува 15 минути во текот на активните 12 часа додека е во будна состојба, односно за еден збор троши 2-3 секунди. Вербалниот односно говорниот канал при комуникацијата меѓу луѓето најчесто се искористува за предавање на информации, но невербалниот канал при комуникацијата со луѓето најчесто служи за проучување на природата на меѓучовечките односи, а во голем број случаи го презема приматот при пренесувањето на информацијата. Се смета дека независно од културата и образовното ниво на поединецот, се тврди дека доколку поединецот е подготвен да прима информации од различен карактер (вербален и невербален), може по гласот да го определи движењето на соговорникот во моментот на изнесување на некоја порака. Човекот, бидејќи е свесно суштество, за разлика од животните умее донекаде да ги контролира емоционалните реакции и своите активности, но таа контрола е пред се по заслуга на сфаќањето на јазикот на телото на мимиките и гестовите, односно на средствата на невербалната комуникација. Најинтересно е сознанието дека човекот како живо суштество ретко сознава дека неговата поза, начинот на кој се движи, гестовите и мимиките можат да противречат на она што човекот го изговорил и соопштил со сопствениот глас. Човекот не знае дека секоја мисла формира свој гест. Ако таа мисла се повторува, таа мисла формира поза што се огледа во одреден гест на лицето. Идејата и наворешниот израз се тесно поврзани помеѓу себе. Формирањето на гестовите оди истовремено со формирањето на идеите. Секој гест, секое движење, секоја положба на телото, секој израз на лицето претставува одраз на одредени идеи, зашто хармонијата на идеи и гестови може да се заклучи низ логичка анализа на симболи на невербалната комуникација. Се што се случува во нашата глава надворешно се манифестира преку сим-болите и невербалната комуникација – преку нашите движења, положбата на телото, изразот на лицето. Некои луѓе имаат посебна дарба за одредени ритмички движења, имаат постојани идеи и изведуваат фини ритмични движења со делови од телото и на тој начин ја манифестираат својата уметност (пример се балетаните, ликовните уметници, танчери, музичари, глумци и слично). Пример се глумците во анимираните филмови, немите филмови - тие користат само невербална комуникација со публиката преку екранот. Секој актер од немиот филм се класифицира како добар или лош, според тоа колку успеал да ги искористи гестовите, изразите на лицето, мимиките и движењето на делови од телото, најразлични гестови, односно јазикот на телото бил најважен за остварување на поуспешна комуникација со публиката. Невербалната комуникација или јазикот на телото често пати може да каже многу повеќе за она што се случува внатре во човекот, зашто зборот често пати може да биде лажен израз на свеста. За невербалната комуникација меѓу луѓето исто така е важна и интуицијата, односно претчувството. Кога некој човек има претчувство – интуиција се има предвид дека тој е способен да ги чита невербалните симболи и да ги споредува со вербалните (зборовите). Кога некој човек има шесто сетило (претчувство) и смета дека некој лаже, тој всушност забележал некое несогласување меѓу јазикот на телото од она што е кажано (изговорено). Затоа многу е важно ораторот да знае, ако за време на разговорот, предавањето, луѓето почнат несвесно движење, ги вкрстуваат рацете, ја спуштаат главата надолу, се наслонуваат со грбот на столицата, се прозеваат, делуваат отсутно, односно со внимание не го следат излагањето на предавачот, за искусен оратор тоа ќе биде знак дека неговите зборови не допираат до слушателите и дека ќе мора да го промени пристапот до аудиториумот. Ова треба да го знаат сите предавачи, професори заради остварување на комуникација со студентите. Доколку воочи вакви невербални пораки кај аудиториумот, предавачот треба веднаш да го промени стилот на излагање и да направи се, за повторно да ги заинтересира слушателите, внимателно да го слушаат неговото излагање, во спротивно часот ќе пропадне. Постојат некои истражувања кои што зборуваат за разликите помеѓу полот во дешифрирање на невербалните симболи. Жените имаат вродена способност да ги декодираат брзо невербалните симболи и имаат големо претчувство, па оттаму можат, на пример, само врз основа на движењето на очите на мажот и на неговиот израз на лицето да откријат некоја тајна што мажот сака да ја сокрие. Женската интуиција посебно е развиена кај мајките и оние што работат со деца и болни луѓе, бидејќи мимиките и гестовите се најчесто нивниот говор. Оваа способност на жената се користи и при склучување на деловни договори, зашто жената има поголемо претчувство дали се работи за сериозен партнер или сомнителен партнер. Оттаму и фактот што во последно време има голем број на деловни жени кои завземаат место во светот на бизнисот и доста самоуверено им парираат на господата бизнисмени. Дали невербалната комуникација е вродена или стекната се покажува со вежба на вкрстување на рацете и облекување на облека. Пр, жените секогаш го облекуваат левиот ракав од палтото или со разминување на маж и жена, мажот гледа во жената, а жената се врти назад со главата или настрана со телото. Некои гестови, изрази на лицето, кои се сметаат за основни гестови на невербалната комуникација, се скоро исти кај сите луѓе во цел свет. На пример, кога се среќни луѓето се смеат, кога се тажни плачат, лути - се муртат, климање на главата означува некоја потврда и слично. Јазикот на гестовите е невербална комуникација и е општочовечка способност и со таа способност човекот може да комуницира насекаде во светот и тоа независно од тоа во колкав степен го знае јазикот на земјата во која се наоѓа. Секоја култура негува свој специфичен јазик на телото и затоа понекогаш се јавува неспособност на луѓето од различни култури да не се разбираат меѓусебно со помош на гестови, гестикулација и други движења и пози на телото. Сеопштата универзалност на невербалните симболи се заснова врз фактот дека гестовите на секоја индивидуа, секој поединец изгледаат вообичаени и за другите луѓе. Меѓутоа во праксата постојат многу примери што ја негираат оваа претставена универзалност на невербалните симболи. Пример при комуникација меѓу претставници од европската и азиската култура: гестот климање со главата во Франција значи „ништо“, во САД значи „во ред“, во Јапонија „пари“, а во земјите на средоземјето тоа е знак за „хомосексуалност“. При невербалната комуникација меѓу луѓето егзистираат неколку извори, канали, нивоа на комуникација. Зборовите кои не се потврдени со гестови се лишени од најважната карактеристика односно веродостојноста и искреноста. И најкрасноречивиот оратор не ќе може да го убеди аудиториумот ако зборува пред него со вкрстени раце. Тоа значи дека зборот тешко ќе допре до душата на слушателот. Често пати гестот го соопштува она што е меѓу изговореното. Гестот го тера човекот да биде активен или го успокојува, го прави комуницирањето меѓу луѓето потполно пријатно и полесно. Мора да се каже дека луѓето со различни типови на личноста користат видови на гестови што често пати зависат од нивната положба во општеството и нивната социјална улога. Секој човек може да има свој посебен индивидуален стил на гестикулирање. Се мисли дека луѓето што се поемотивни и „размислуваат“ со срцето, а не со главата, најчесто гестикулираат со рамењата, а оние на кои мислата им е пред емоциите, како што се повеќето интелектуалци, повеќе гестикулираат со главата, бидејќи најмногу при работата се служат со рацете, што има свој одраз и при гестикулирањето при комуникацијата со другите луѓе. Тоа е и разликата меѓу интелектуалците и работните луѓе. Во гестикулацијата при невербалната комуникација гестовите потешко се фалсификуваат од зборовите. Одредена група на гестови, таа група на гестикулација ја прави својствена за однесувањето на конкретниот човек и ги одредува неговите особини односно неговите карактерни црти. Пример горделивиот човек прави одредени карактеристични гестови како што се претерана исправеност на телото, придавање голема важност на својата фигура, претерана исправеност на вратот и главата, се обидува да биде маркантен односно забележан од другите луѓе. А срамежливиот човек има други гестови. Срамежливите луѓе често пати несвесно се вртат наоколу, постојано како да се преслушнуваат нешто, се однесуваат како сите да гледаат во нив, како да се плашат од нешто. Телото им е свиткано напред и рамениците се свиткани на напред. А луѓето што се задоволни со себе имаат многу постигнато во животот, имаат силна волја, обично телото го држат исправено, рамениците ги затегаат назад, градите ги испакнуваат напред, покажувајќи дека постигнале нешто. Овие луѓе одат брзо, прават енергични движења со рацете и другите делови од телото, тие се решителни, деловни и работоспособни луѓе, а пак оние што секогаш ги држат рацете во џебовите, дури и кога времето е топло, се доста критични и таинствени луѓе. Оние кои мислат дека никој не обраќа внимание на нивната личност, се самозаљубени, имаат манир, навика често да си ја поправат фризурата или да си ја чистат облеката. За агресивниот човек, пак, е карактеристично честото стискање на тупаниците, за да докаже дека владее со одредена ситуација, си дава комоција при седењето сликовито и впечатливо ги вкрстува нозете, удобно се наместува во столицата, ја зафрла главата наназад и ги истакнува градите напред. Ваквиот тип на личност постојано ја демне ситуацијата и на најмала провокација од околината бурно реагира, со тоа манифестирајќи ја својата сила, борбеност и спремност за акција. Сите емоции организмот ги манифестира преку мимики (изразот на лицето), движење на телото, движење на мускулите околу очите и устата, при задоволство и среќа тие се креваат нагоре, а при емоции на тага се спуштаат надолу. При доживување радост, кај луѓето се забележува големо расположение, се прават брзи движења, кои се ритмички, спонтани, телото се движи цврсто и исправено, говорот е гласен и брз, пропратен со гласно смеење. А при доживување на тага има депресивно расположение, движењето на телото е споро и омлитавено, неенергично, грбот е свиткан и неподвижен. За стравот се карактеристични брзи движења, оддалечување и бегање од причинителите на стравот. Вознемиреноста се карактеризира со стеснување на тупаниците, потпирање со нозете, чешање по лицето, брадата, мрсење на косата. При доживување на ужас се прави криење на лицето со рацете. При напад на гнев и лутина, се запира дишењето, се затвора устата, телото се припрема за борба, се забележуваат брзи, интензивни и неконтролирани движења, стегнати тупаници, главата и телото се оптегнати наназад. На сличен начин се манифестираат досадата, незадоволството и одврат-носта. При жалост темпото на зборување е успорено, паузите меѓу зборовите се зголемуваат, се јавува липање или плачење. Човекот често се воздржува и сака да ги сокрие своите емоции, но тоа веднаш се забележува по неговото општо неспокојство, непотребни движења.