Нгалопи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Нгалопите се втората најголема етничка група на Бутан и тие ја контролираат владата и се главен фактор во бутанската култура. Често се наречени како Бутанци или како Боте, што значи дека се од „Ботија“ или Тибет.

Нгалопите се сконцентрирани во западните и централните делови на Бутан со главна религија тибетски будизам. Нгалопите се занимаваат со одгледување на ориз, компир и други култури кои се приспособени за тој регион од Хималаите. Нгалопите зборуваат на ѕонгка јазик, националниот јазик на Бутан. Дел од Нгалопите се и кралот и кралското семејство.

Покрај овие, останати групи се:

  • Шарчопи - најголема етничка група во Бутан, кои потекнуваат од Асам или Мјанмар, но денес во голем дел се асимилирани во нгалоп културата. Тие живеат во источните делови на Бутан.
  • Лоцампа се Непалци кои дошле во Непал на почетокот на 20 век.

Видете исто така[уреди]