Најдобрата понуда (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Најдобрата понуда (италијански: La migliore offerta) е италијански филм од 2013 година, во режија на Џузепе Торнаторе. Главните улоги ги играат: Џефри Раш, Џим Старџес, Доналд Сатерленд и Силвија Хоукс. Музиката за филмот ја компонирал Енио Мориконе.

Содржина[уреди | уреди извор]

Вирџил Олдман (го игра Раш) е богат, познат и бескрупулозен човек кој го жртвува приватниот живот поради својата страст кон собирање уметнички дела. Најголема радост му причинува неговата тајна збирка на женски портрети од секоја уметничка епоха и од секој жанр, што ја собирал на нечесен начин, со помош на пријателот Били Вислер (го игра Сатерленд). Кога една наследничка, Клер (ја игра Хоукс) бара совет од Вирџил за да ги продаде уметничките дела што ги наследила од родителите, тој се нервира, зашто таа сака да комуницираат само по телефон. Набрзо, оваа мистерија го опседнува и Вирџил мисли дека се работи за совршена жена, која сигурно е преубава, умна и недостижна. Неговиот пријател Роберт (го игра Старџес) му помага да воспостави поблизок однос со Клер.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Мистерија во светот на уметноста“, Антена, број 862, 2.1.2015, стр. 3.