Национална хокејарска лига
| Национална хокејарска лига (НХЛ) National Hockey League (NHL) |
|
![]() Амблемот на НХЛ бил обновен во 2005 |
|
| Кратенка | НХЛ (NHL) |
|---|---|
| Основана | 1917 |
| Цел | Здружение на професионални спортски клубови за хокеј на мраз |
| Регион | |
| Членство | 30 клубови |
| Директор | Гери Бетмен |
| Мреж. место | NHL.com |
Националната хокејарска лига (англиски: National Hockey League - NHL) е професионална лига во хокеј на мраз составена од 30 клубови од Северна Америка. Се смета за најсилната професионална хокеарска лига во светот,[1] и една од главните професионални спортски лиги на северноамериканскиот континент. Победникот на лигата секоја година го освојува Стенли купот, еден од најстарите професионални спортски трофеи[2].
Лигата е формирана во 1917 година во Монтреал, Канада, од 5 тима: Монтреал Канадиенс, Монтреал Вандерерс, Отава Сенаторс, Квебек Булдогс и Торонто Аренас. Денес, лигата брои 30 клубови од кои 6 се канадски, а останатите 24 од САД.
Во НХЛ играат многу од најдобрите играчи од целиот свет. Оваа година (2008.) во лигата настапуваат играчи од 20 различни земји.[3][4] Канаѓаните традиционално се најбројните играчи во НХЛ бидејќи и спортот хокеј и лигата потекнуваат од Канада. Во последните 25 години, учеството на играчи од САД и Европа постојано се зголемува поради ширењето на НХЛ во САД, високите спортски стандарди и достапноста на квалитетни играчи од Источна Европа.[5]
Наводи [уреди]
- ↑ Марш, Џејмс (2006). „Национална Хокеарска Лига“. Канадска Енциклопедија. http://www.thecanadianencyclopedia.com/index.cfm?PgNm=TCE&Params=A1ARTA0005623. проверено на 2006-06-11.
- ↑ „NHL.com - Факти за Стенли Купот“ (на English). НХЛ. http://www.nhl.com/cup/fun_facts.html. проверено на 2006-07-15.
- ↑ „НХЛ сѐ уште најмногу ги сака Чесите“. IWHC.net. 2006–05–16. http://live82.ihwc.net/english/article/recaps/index.ihwc?artId=2398. проверено на 2006-06-09.
- ↑ „НХЛ сака да го замрзне глобалното затоплување“. NHL.com. http://www.nhl.com/community/nhlgreen/. проверено на 2008-04-26.
- ↑ Европските играчи во НХЛ преземаат водечки и капитенски улоги.
Надворешни врски [уреди]
