Национална Кошаркарска Асоцијација

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај
НБА меч меѓу ЛА Лејкерс и Атланта Хокс.
НБА меч меѓу ЛА Лејкерс и Атланта Хокс.

Националната Кошаркарска Асоцијација (en: National Basketball Association) се смета за најсилната кошаркарска лига во светот. Лигата беше создадена во 1946 под името Кошаркарска Асоцијација на Америка (БАА). Во 1949, БАА се соедини со ривалната Национална Кошаркарска Асоцијација (НБА), и воедно го прифати името НБА.

НБА денес има 30 тимови, од кои 29 се од САД и еден тим е од Канада. 30те тимови во лигата се поделени во две конференции, Источна и Западна, со по 15 тимови. Секоја од конференциите е поделена на три дивизии од по 5 тимови. Во истокот се наоѓаат Атланската, Централната и Југоисточната дивизија. Во западот се наоѓаат Југозападната, Северозападната и Пацифичката дивизија. Типична НБА сезона има 82 мечови, и најдобрите 8 тимови од секоја конференција, добиваат право на учество во разигрувањето. Најдобрите тимови преку сезоната во конференциите се најпривилегирани, и играат против најслабо-рангираниот осми тим. Вториот и седмиот тим се разигруваат, третиот и шестиот и тн. Секое разигување меѓу два тима се вика плејоф серија. Победникот на четири од седум можни мечови ја добива серијата и се пласира в наредната рунда. После неколку кола, победниците на двете конференции се среќаваат во НБА финалето. Во последните две сезони, шампионите беа Сан Антонио Спарс од Тексас во сезоната 2006/2007, а во најновата сезона 2007/2008, шампиони беа Бостон Селтикс.

[уреди] Играчи

Национална Кошаркарска Асоцијација | 50-те Најдобри играчи во историјата на НБА

Карим Абдул-Џабар | Вес Анселд | Пол Аризин | Нејт Арчибалд | Чарлс Баркли | Елџин Бејлор | Рик Бери | Дејв Бинг | Лери Брд | Џери Вест | Лени Вилкинс | Бил Волтон | Џејмс Ворти | Џорџ Гервин | Хал Гриер | Дејв Дебушер | Клајд Дрекслер | Џулиус Ирвинг | Патрик Јуинг | Били Канингам | Дејв Ковенс | Боб Кузи | Џери Лукас | Џорџ Мајкан | Пит Маравич | Карл Мелоун | Мозес Мелоун | Кевин Мекхејл | Ерл Монро | Хаким Олајџувон | Шекил Онил | Роберт Периш | Боб Петит | Скоти Пипен | Бил Расел | Вилис Рид | Дејвид Робинсон | Оскар Робертсон | Џон Стоктон | Ајзеја Томас | Нејт Турмонд | Волт Фрејзер | Џон Хавличек | Елвин Хејс | Вилт Чембрлен | Сем Џонс | Мајкл Џордан | Бил Шарман | Долф Шејс |


[уреди] Тимови



[уреди] Најтрофејни тимови

Тим Титули Сезона/сезони
Бостон Селтикс 17 1957, 1959-66, 1968-69, 1974, 1976, 1981, 1984, 1986, 2008
ЛА Лејкерс 14 1949-50, 1952-54, 1972, 1980, 1982, 1985, 1987-88, 2000-02
Чикаго Булс 6 1991-93, 1996-98
Сан Антонио Спарс 4 1999, 2003, 2005, 2007
Детроит Пистонс 3 1989, 1990, 2004
Голден Стејт Вориорс 3 1947, 1956, 1975
Филаделфија Севентисиксерс 3 1955, 1967, 1983
Њујорк Никс 2 1970, 1973
Хјустон Рокетс 2 1994-95
Балтимор Булетс (распаднати) 1 1948
Сакраменто Кингс 1 1951
Атланта Ховкс 1 1958
Милвоки Бакс 1 1971
Портланд Треилблејзерс 1 1977
Вашингтон Визардс 1 1978
Сиетл Суперсоникс 1 1979
Мајами Хит 1 2006