Национална Арена „Филип II Македонски“
| Национална Арена „Филип II Македонски“ |
|
|---|---|
| Градски стадион | |
| Локација | Градски Парк, Скопје, Македонија |
| Отворен | 1947 |
| Проширен | 2008-2011 |
| Затворен | отворен |
| Сопственик | Град Скопје |
| Оператор | ФФМ |
| Подлога | трева |
| Главен изведувач | ГП Бетон |
| Играат | ФК Вардар ФК Работнички Национален фудбалски тим на Македонија |
| Капацитет | 32.580[1] |
Националната Арена „Филип II Македонски“ во Скопје е повеќенаменски стадион, меѓутоа најчесто се користи за фудбалски натпревари. На него играат фудбалските клубови ФК Работнички и ФК Вардар, како и фудбалската репрезентација на Македонија. Неговиот моментален максимален капацитет изнесува 36.400. Владата на Република Македонија официјално го преименува стадионот во февруари, 2009.[2][3] Старото име на стадионот e „Градски стадион Скопје“, па поради тоа е познат и под прекарот „градски“. Јужната трибина e проектиранa од архитектите на „Бетон“ Драган Крстев и Тодорка Мавкова уште во 1977 година.
[уреди] Изградба и реконструкција
Изградбата на Градскиот стадион во денешната форма започнува во далечната 1978 година, кога започнува со изградба јужната трибина. Истата е завршена за две години. По долг застој во реализацијата на проектот, во јануари 2008 година беше урната старата северна трибина и започна изградба на нова трибина. Изградбата на новата северна трибина е според највисоките стандади на ФИФА. Оваа трибина е пуштена во употреба на 2 август 2009. Потоа на 8 септември 2009 година почната е изградбата на источната и западната трибина. Кон крајот на 2009 година стартува и реконструкцијата на јужната трибина и истата е пуштена во употреба за потребите на натпреварот ФК Работнички-Ливерпул ФК кој се одигра на 29 јули 2010[4] |. На 24 април 2011 во употреба беа пуштени источната и западната трибина ос што комплетно заврши првата фаза од реконструкцијата. Почетокот на втората фаза ќе ги опфати реконструкцијата на теренот и атлетската патека, а се очекува истата да отпочне во септември 2011. Реконструкцијата е планирано да заврши со уредувањето на подтрибинскиот простор. [5]
[уреди] Наводи
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Национална Арена „Филип II Македонски““ |
| Оваа поврзана со Скопје статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |

