Национален стадион Васил Левски (Софија)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Васил Левски
PFC Levski Sofia vs Chelsea FC, UEFA Champions League 2006-07, Sofia, Bulgaria.jpg
Место Софија, Бугарија
Отворен 1953
Сопственик
Подлога Трева
Играат/ле
Гледачи 43.340

Стадионот Васил Левски се наоѓа во Софија, Бугарија. Тој е најголемиот стадион во земјата, кој има капацитет од 43.340 седишта.

Стадионот се наоѓа во центарот на Софија, односно во склопот на Борисовата градина.

Стадионот бил изграден во 1953 година, а во текот на својата историја бил реновиран во 1966 и 2002 година. Претходно, на местото каде се наоѓа стадионот, се наоѓало игралиштето Левски и стадионот Јунак. Во времето кога стадионот бил изграден, имал капацитет од 80.000 гледачи[1]. Главната реконструкција на стадионот, според новите стандарди на УЕФА започнале во 1998 година, кога биле поставени седишта за гледачите.

Настадионот денеска своите настапи ги одржува Бугарската репрезентација по фудбал, како и финалињата од куповите на земјата. Во последните години, на овој стадион се играат и натпреварите помеѓу двата најголеми фудбалски екипи во Бугарија, ЦСКА Софија и ФК Левски од Софија.

Освен за фудбалски цели, стадионот располага и со спортски сали по џудо, гимнастика, кошарка, бокс, аеробик и.т.н. На стадионот често се одржуваат и музички концерти.

Наводи[уреди]