Национален парк „Мамутска пештера“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Национален парк „Мамутска пештера“
МСЗП Категорија II (Национален парк)
Lwt02830.jpg
Местоположбата на Национален парк „Мамутска пештера“
Местоположбата на Национален парк „Мамутска пештера“
Место Кентаки, САД
Координати 37°11′ СГШ 86°06′ ЗГД / 
Површина 52,830 ha[1]
Основан 1 јули 1941
Посетители 483,319Шаблон:Sp( 2011)[2]
Управен орган Национален парк

Националниот парк Мамутска пештера се наоѓа во Северна Америка, поточно во цетралниот дел на американската сојузна држава Кентаки, САД. Тоа е најдолгиот систем од пештери на земјата. Главниот влез на пештерата, наречен Бродвеј, води до систем од коридори, лавиринти, ходници, бездни и сали. Тие се наоѓаат на 5 спрата и имаат вкупна должина од околу 591 километри. Една од најголемите сали е позната како "забавите на мамутот", долга е 120 метри, широка 50 метри и висока 75 метри. Најголемо е разновидноста во "Волшебната пештера", ретко посетена поради тешкиот премин. Во огромната сала "Големата ротонда" слободно може да се вклопат илјади посетители. Други интересни сали се "Готска катедрала" и "Гробот на гигант". Од 27 октомври 1981 година местото е ставено на списокот на светско културно и природно наследство на УНЕСКО.

Добиеното име[уреди]

Мамутската пештера го добила името поради својата големина, а не поради остатоците од одамна изумрените мамути. Издлабена е во варовничките планини на Кентаки со капење на киселкавата вода во периодот од милиони години. Во пет нивоа, оваа пештера има премини долги речиси 530 километри.

Подземен свет[уреди]

Индијанците го познавале овој фантастичен подземен свет уште пред 4.000 години - во неа се пронајдени камени врвови од копја и посмртни остатоци. Првите истажувачи ја осветлувале пештерата со факели од трска. Денешните посетители можат да видат некои делови од пештерата осветлени со електрични ламби. Просторот е разновиден - од огромни сили како што е Ротуана, голема колку Големата главна железница во Њујрок, до тесни премини каков што е ,, Бедата на дебелио човек ‘‘ ( Fat Man's Misery ) кој е широк само 460mm. Оние што пловат со чамец по Реката на Ехото ( Echo ), што се наоѓа 110m под површината, можат да го чујат нејзиниот екот. Замрзнатата Нијагра претставува цела низа простории, каде што сталактитите и сталагмитите потсетуваат на скаменети водопади.

Доселеници и За време на војната[уреди]

Европските доселении за првпат влегле во Мамутската Пештерата во 90-тите години од 18 век, а за време на војната меѓу Американците и Англичаните, во 1812 година, од пештерата биле вадени наслојки од азотни соли, за од нив да се произведува барут.

Лекувалиште[уреди]

Во 1843 година, поради сувата клима и изедначената температура ( околу 12°C ), во кратоки без посебен успех, пештерата била лекувалиште за туберкулозни болни. Дотогаш, таа веќе била туристичка атракција. Денес туристичките водичи ги водат посетителите низ пештерата која е составен дел од Националниот парк.

Наводи[уреди]