Национален парк Најроби

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Национален парк Наироби)
Национален парк Најроби
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Местоположба на Национален парк Најроби
Местоположба на Национален парк Најроби
Местоположба на Националниот парк Најроби
МестоКенија Кенија
Најблизок градНаироби
Површина117.21 km2 (45.26 ми) км2[1]
Воспоставен(а)1946
Управно телоKenya Wildlife Services [1]

Националниот парк Најробинационален парк во Кенија. Основан е во 1946 година, како прв национален парк на Кенија.[2] се наоѓа на околу 7 километри јужно од центарот на Наироби, главниот град на Кенија,[2] а дивите животни во паркот се одвоени од метрополата само со ограда.[3] Постојат седум влеза во паркот, од кои два се службени.

Од паркот можат да се видат облакодерите на Најроби. Сепак, близината на урбана и дива средина предизвикува проблеми за луѓето и за животните, чии патишта на миграција се малку изменети.[4]

Во Националниот парк Најроби може да се видат голем број на животни.[5] Тревопасните животни доаѓаат во паркот за време на сушните сезони, а паркот се смета како рај за носорозите.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Леопард во кафез, Национален парк Најроби

Британските колонисти пристигнале во овие краишта каде што е сместен паркот кон крајот на 1800 година. Во тоа време, рамнината на која денес се наоѓа градот Најроби била потполно дива. Номадското племе Масаи овде ги одгледувало своите стада. Луѓето од народот Кикују ги обработувале пошумените височинки над Најроби. Со порастот на населението во Најрбои, 14.000 жители во 1910 година, се појавил судир меѓу луѓето и животните. Жителите од градот ноќе оделе вооружени за да се заштитат од лавовите. Луѓето се жалеле дека жирафите и зебрите им ги уништуваат посевите. Конечно, колонијалната влада решила овој простор да го претвори во резерват.

Главниот поборник за конзервација на паркот бил Мервин Коуви (Mervyn Cowie), роден во Најроби. Кога се вратил во Кенија во 1932 година по девет години отсуство,[6] го забележал исчезнувањето на огромен број животни. На голем дел од резерватот веќе се наоѓале фарми. Резерватот го нарекол „рај кој брзо исчезнува“. Во тоа време, во резерватот било забрането да се ловат животните, но затоа било дозволено да се паси стоката, да се градат магацини, па дури и да се бомбардира од страна на кралската авијација. Коуви започнал кампања за основање на систем за националните паркови во Кенија.[4] Владата оформила комитет за да го испита случајот.[6]

Националниот парк Најроби официјално е отворен во 1946 година,[4] и со тоа е прв национален парк во Кенија.[7] Откако паркот бил воспоставен, луѓето од племето Масаи биле преселени од нивната земја.[8] Коуви бил поставен за директор на паркот, и на оваа функција бил до 1966 година.[4] Во 1989 година, претседателот на Кенија Даниел арап Мои наредил да се изгорат дванаесет тони слонова коска во паркот. Со ова се подобрила заштитата на дивиот свет во Кенија.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Светска база на заштитени површини – Национален парк Најроби
  2. 2,0 2,1 2,2 Kenya Wildlife Service. „Nairobi National Park“. Архивирано од изворникот на 2009-10-11. Посетено на 2009-12-30.
  3. Prins 2000, p.143
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Morell.
  5. #Reference-idRiley|Riley 2005, p.90
  6. 6,0 6,1 Chamberlain, Francis (1996-08-21). „Obituary:Mervyn Cowie“. The Independent. Посетено на 2008-03-10.
  7. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Brett11.
  8. Porteous 2001, p.132
  9. Honey 1999, p.300

Надворешни врски[уреди | уреди извор]