Национален парк Артуров Премин
| Национален парк Артуров Премин Arthur's Pass National Park |
|
|
МСЗП - Категорија II (Национален парк)
|
|
| Карта на Нов Зеланд | |
| Место | Кантербери, Нов Зеланд |
|---|---|
| Најблизок град | Крајстчерч |
| Координати | |
| Површина | 1143 km² |
| Основан | 1929 |
| Управен орган | Служба за заштита на природата |
Националниот парк Артуров Премин (англ. Arthur's Pass National Park) е национален парк кој наоѓа на Јужниот Остров на Нов Зеланд.
Основан е во 1929 како прв национален парк на Јужниот Остров и трет во земјата. Низ него поминува автопатот State Highway 73, кој минува низ селото Артуров Премин и продолжува преку истоимениот планински премин на Јужните Алпи на надморска височина од 920 метри. Паркот е под управа на Службата за заштита на природата која во селото Артуров Премин има депо, управни канцеларии и посетителски центар.
Содржина |
Географија [уреди]
Паркот е мошне карактеристично поделен со главната делница на Јужниот Остров. Источната страна е посува и е покриена со букова шума и широки речни корита, додека пак западната страна е прекриена со густи дождовни жуми. Географијата во најголема мера е производ на древните глечери, образувајќи рамни долини со облик на буквата U. По средината се протега висок планински венец со големи планини со снежни врвови одронети падини.[1]
Паркот ги содржи следниве географски обележја:
- Дел од главната делница на Јужниот Остров, вклучувајќи ги следниве премини - Харман, Ваимакарири, самиот Артуров Премин, Козјиот Премин (на маршрутата Минга-Десепшон), Тарахуна, Ворзли, Минчин и Харпер.
- Врутокот на реката Ваимакарири, со нејзините водопади во непосредна близина.
- Многубројни притоки на реката Ваимакарири, меѓу кои и Били, Пултер, Ходон, Белата, Гаврановата и Анти Гаврановата Река.
- Многубројни притоки на реката Тарамакау, како Отира, Десепшон и Отехаке.
- Мерчисоновата Планина, која со 2400 м е највисока во паркот[1].
Рекреација [уреди]
Паркот е популарен за планинарство, скијање и алпинизам.
Најпопуларни планинарски патеки се:
- Минга-Десепшон (по која се одржува трка „од крајбрежје до крајбрежје“)
- Аваланш Пик
- Ходон-Едвардс
Безбедност [уреди]
Паркот се смета за многу тежок и опасен за планинарење, и во многу случаи бара големо планинарско искуство и опширни познавања од овој слабо населен крај.
Локалните временски услови и прогноза можат да се проверат тука.
Наводи [уреди]
- ↑ 1,0 1,1 Национален парк Артуров Премин > Нов Зеланд, www.newzealand.com (англиски), отворено на 30 ноември 2009
Надворешни врски [уреди]
- За националниот парк Артуров Премин, Служба за заштита на природата на Нов Зеланд (англиски)
- Softrock - мошне корисна страница во сопственост на локален мештанин (англиски)
- Спасувачка служба и итна помош на Артуровиот Премин (англиски)
|
|||||||||||