Национален музеј на Етиопија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Национален музеј на Етиопија (НМЕ) — главен државен музеј на Етиопија, сместен во главниот град Адис Абеба, во близина на Универзитетот на Адис Абеба.

Преглед[уреди]

Во музејот се чуваат национални уметнички богатства, како и повеќето од најскапоцените археолошки наоди, како што се фосилизираните остатоци од раните хоминиди, од кои најпознатиот е „Луси“, делумен скелет на примерок од афарски австралопитек (Australopithecus afarensis). Неодамна во подрумот на галерија е додаден приказ на Селам, пронајден во периодот помеѓу 2000 и 2004 година. Се проценува дека е стар 3,3 милиони години, и се смета дека овој афаренсис А примерок е најраното дете.

Реконституција на Селам, тригодишен афарски австрлопитек, сместен во галеријата во подрумот

Во 1936 година, концептот на музеј прв пат бил воведен во Етиопија кога била отворена изложбата на која биле прикажани церемонијални носии донирани од страна на кралското семејство и нивните блиски соработници. Сегашниот НМЕ настанал од основањето на Институтот за археологија, кој бил основан во 1958 година. Институтот бил основан со цел да ја промовира и олесни мисијата на археолошките истражувања во северниот дел на Етиопија од страна на француските археолози.

Административна зграда на Националниот Музеј на Етиопија, конструирана ви италијански стил.

Музејот ги започнал своите активности со изложување на предмети од овие ископувачки мисии. Со основањето на Управата за Културно Наследство на Етиопија во 1976 година, се наметнала идејата да се отвори Национален Музеј, која била поддржана од страна на Владата. НМЕ започнал да работи во согласност со Националниот Акт, кој предвидува заштита и зачувување на антиквитетите, и има законско право да управува со сите локалитети и споменици низ целата територија на Етиопија.

Подоцна, Националниот Музеј ги променил своите активности и се организирал во три работни оддели, односно оддел за конзервација, оддел за документацијата и оддел за изложување и истражување. НМЕ во моментов има четири главни оддели за изложување. Подрумот е посветен на археолошкиот и палеоантрополошкиот оддел. Во овој оддел се изложени претходно споменатите хоминиди. Првиот кат содржи предмети од античките и средновековните периоди, како и церемонијална облека и сувенири од поранешните владетели, вклучувајќи го и царот Хајле Селасие. На вториот кат се прикажани уметнички дела по хронолошки редослед, од традиционални па се до современи дела. Тука спаѓаат уметничките дела на Афеверк Текле и на други уметници од Етиопија. Конечно, третиот кат има етнографски екран. Тука, музејот се обидува да даде преглед на културното богатство и разновидноста на народите во Етиопија.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]