Научен реализам

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Најопшто земено, научен реализам е гледиштето според кое светот како што го опишува науката (можеби идеалната наука) е реалниот свет, таков каков што е, независно од тоа како ние го сфаќаме. Во рамките на философијата на науката тој често се врамува како одговор на прашањето „како би се објаснил успехот на науката?“.

Главни одлики на научниот реализам[уреди]

Научниот реализам се состои од две главни позиции. Прво, тој е група на тврдења за одликите на една идеална научна теорија; идеална теорија е тип на теорија која науката се стреми да ја произведе. Втора е заложбата дека науката на крај ќе даде теории кои се многу слични на идеалната теорија и дека науката успешно напредувала до сега во некои полиња. Важно е да се забележи дека еден човек може да биде научен реалист во однос на некои науки, а да не биде реалист во однос на други. На пример, може да се застапува реалистичен став кон физика, хемија и биологија, а не кон економија, психологија и социологија.