Натриум хидроксид
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Натриум хидроксид | |
|---|---|
| Систематско име | Натриум хидроксид |
| Назнаки | |
| CAS бр. | [] |
| PubChem | |
| EC број | |
| UN број | 1823 |
| MeSH | |
| RTECS број | WB4900000 |
| SMILES |
|
| InChI |
|
| ChemSpider бр. | |
| Својства | |
| Молекулска формула | NaOH |
| Моларна маса | 39.99711 g/mol |
| Изглед | бела цврста, хигроскопна |
| Густина | 2.13 g/cm3 |
| Точка на топење |
318 °C, 591 K, 604 °F |
| Точка на вриење |
1388 °C, 1661 K, 2530 °F |
| Растворливост во вода | 1110 g/L (20 °C) |
| Растворливост во етанол | 139 g/L |
| Растворливост во метанол | 238 g/L |
| Растворливост во глицерол | растворлив |
| Константа на ацидитет (pKa) | ~13 |
| Индекс на прекршување (nD) | 1.412 |
| Освен каде што е поинаку назначено, податоците се однесуваат за материјалите во нивната стандардна состојба (при 25 ° C, 100 kPa) |
|
| Infobox references | |
Натриум хидроксидот (NaOH) претставува една од најјаките бази што постојат. Тој во индустријата се добива со електролиза на концентриран раствор на натриум хлорид. Притоа, на катодата се одделува водород, на анодата хлор, додека во растворот останува натриум хидроксид:
Покрај овој начин, кој е најупотребуван, натриум хидроскидот се добива индустриски, со т.н. постапка ,,каустификација на сода" . Натриум хидроксидот е бела непроѕирна тврда супстанција во вид на парчиња, лушпи, прачки или зрна. Неговата моларна маса изнесува 40 g/mol. Натриум хидроскидот се топи на температура од 323 °C (596 К), а додека пак врие на температура од 1390 °C (1663 К). Во трговијата е познат и како ,,каустична сода" или ,,камена сода". За да се испитаат некои хемиски својства на натриум хидроскидот, најчесто се изведува следниот опит:
- Се зема со лажица едно парче натриум хидроскид и се става на лист хартија. Набргу тој се разводнува. Се додава малку натриум хидроксид во вода. Натриум хидроскидот ќе се раствори. Ако ја допреме епруветата, таа е жешка. Во порцеланска шолја ставаме малку концентриран раствор на натриум хидроксид, а потоа ставаме во него парче од некоја ткаенина. Набргу ткаенината ќе се разори.
Опитот покажува дека натриум хидроксидот на воздух се разводнува, бидејќи од него впива влага. Значи, тој е хигроскопна супстанција каква што е сулфурната киселина. Натриум хидроксидот добро се раствора во вода, при што се ослободува значително количество на топлина. Натриум хидроскидот ги разорува растителните и животинските ткива. Тој ја разорува и човечката кожа и ако падне на неа предизвикува изгореници. Поради разорното дејство на натриум хидроксидот тој е познат и под името ,,жива сода". Исто така, тој реаргира и со киселините при што се добива сол и вода:
Натриум хидроксиот наоѓа голема примена во индустријата. Се употребува за производство на сапун што претставува традиционален хемиски процесс со натриум хидроксидот. Арабјаните почнале да произведуваат сапун со натриум хидроскид уште во седмиот век. Истиот процес за производство на сапун се користи и ден денес. Наоѓа примена и во индустријата за добивање на бои, целулоза, вештачка свила, каучук и др. Натриум хидроксидот наоѓа примена и за пречистување на нафта, масти и масла, како и во индустријата за добивање на алуминиум.

